Menu

Д-р Ленка Татаровска

Ленка ТатаровскаИнтернет адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Научно звање: научен советник
Потесна област на научноистражувачки интерес: македонска народна литература со филозофско-антрополошка ориентираност
Докторска дисертација: Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Метаморфозите во македонските народни умотворби, одбранета во 1996 година

Последипломски студии: Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Митологија на јаболкото и прстенот во македонските народни умотворби,одбранета во1987 година Високо образование: Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ, дипломирала во 1975 година

Учество во научноистражувачки проекти:

Историја на македонската книжевност (со следниве истражувања: Анотирана библиографија на зборници од македонски народни приказни; Библиографија на печатени зборници на македонска народна поезија; Македонски народни романси; Граѓанската народна поезија во Македонија; Тажачките народни песни; Јанаки Г. Стрезов - преродбеник и фолклорист; Браќата Арсени и Михаил Костенцеви како фолклористи; Трансформации на обредните структури и проблемот на жанрот)

Митот и ритуалот во македонските народни умотворби (Со истражувањето Ритуалниот молк)

Драмските елементи во македонскиот фолклор (со истражувањето Естетика на играта)

Македонско фолкорно наследство (со истражувањето Од македонското ракописно наследство)

Аспекти на традиционалното во македонскиот фолклор (со истражувањето Вревата во традиционалниот македонски фолклор)

Аспекти на религиозното во македонскиот фолклор

Македонски книжевен лексикон (повеќе лексикографски единици од областа на народната литература)

 

Главен истражувач на проектите:

Митот и ритуалот во македонското народно творештво

Македонско фолклорно наследство

Аспекти на религиозното во македонскиот фолклор

Студиски престои:

Институт за словенски науки – Москва, септември 2001 година;

Филолошки факултет - Санкт-Петербург, септември-октомври 2002 година

Учество на научни собири

Учествувала на повеќе научни собири во земјата и во Русија.

Монографии

Митологија на јаболкото и прстенот, Институт за македонска литература и Менора, Скопје, 2000

Народна ризница, Институт за македонска литература, Скопје, 2000

Староградската народна песна во Македонија, Институт за македонска литература, Скопје, 2001

Метаморфозите во македонските народни умотворби. Метафизика на синкретизмот. Менора, Скопје, 2006

Објавени трудови во периодиката

Објавила 50-тина публикации во периодиката.

Општествени и професионални должности

Главен и одговорен уредник на научното списание Спектар – број 37 и број 38/2001; раководител на Одделението за македонска народна литература при Институтот. Под редакција на д-р Ленка Татаровска во 2008 година излегува од печат (Менора) книгата на д-р Ванчо Тушевски Нова македонска книжевност. Во 2009 година исто така под редакција на д-р Л. Татаровска се појавува од печат книгата на д-р Ванчо Тушевски Истражувања на македонскиот фолклор.