Menu

д-р Славчо Ковилоски

Славчо КовилоскиИнтернет адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Научно звање: научен соработник
Потесна област на научноистражувачки интерес: македонска книжевност во XIX век, историја на македонската книжевност

Докторска дисертација: Институт за македонска литература, Скопје, Македонското женско писмо во XIX век, 2017
Постдипломски студии:
Институт за македонска литература при УКИМ во Скопје, културолошки студии (во книжевноста)
Тема на магистерскиот труд:
„Патописот во македонскиот XIX век“.
Високо образование:
Филозофски факултет при УКИМ во Скопје, група историја

Учество во научноистражувачки проекти: 
Интеркултурна историја на македонскиот народ (одредници за XIX век) – ИМЛ;
Жанровски карактеристики на македонската литература – ИМЛ;
Прилепчани XIX век – Градска библиотека „Борка Талески“ Прилеп

Учества на научни собири: Балканските писатели пред нови предизвици, реферат на Тркалезната маса по повод гостувањето на независните писатели на Бугарија во Скопје (2007); 70 години од убиството на Борка Талески и Лазо Филиповски (2012). 

Монографии:
„Милош С. Милоевиќ и српските претензии кон Македонија во XIX век“ (2009), Макавеј, Скопје, 124 стр.
„Патописот во македонскиот XIX век“ (2010), Современост, Скопје, 217 стр.
„Деспот С. Баџовиќ, непознати страници за еден Македонец“ (2010), Современост, Скопје, 106 стр.
„Прилепчани XIX век, енциклопедиски именик“ (2010), Градска библиотека „Борка Талески-Прилеп,  „Современост“, 126 стр.
„Македонија - кратка енциклопедија револуционери“ (2011), Градска библиотека „Борка Талекси“, Прилеп, 306 стр.
„Почетоците на македонскиот патопис“ (2011), Академски печат, Скопје, 97 стр.
„Македонија и Балканските војни“ (2012), Современост и Урбан Институт-Скопје, 194 стр.
„Џебна енциклопедија на македонски револуционери“ (2012), Современост и Урбан Институт, 304 стр.
„Културната преродба во Прилеп во XIX век“ (2015), Институт за македонска литература, Скопје, 200 стр.

Објавени трудови во периодиката: над 70 студии, рецензии и есеи.

Членства во научни и други професионални асоцијации: 
Хрватското книжевно друштво, 
Друштвото на наука - Прилеп.

Општествени и професионални должности: главен и одговорен уредник на списанието „Современост“, бил уредник на годишникот „Велес“, како и на е-списанието „НИЕ“; во 2009 година бил уредник во издавачката дејност на Матицата на иселениците на Македонија.
Добитник е на повеќе признанија, меѓу кои наградите за наука „3 Ноември“ на град Прилеп и „Големата Мајка“ на Општина Гази Баба.