Menu

д-р Славчо Ковилоски

Slavco Koviloski.fotoИнтернет адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Научно звање: научен соработник
Потесна област на научноистражувачки интерес: македонска книжевност во XIX век, историја на македонската книжевност, женското прашање во XIX век, културологија, субкултура
Докторска дисертација: Институт за македонска литература, Скопје, Македонското женско писмо во XIX век, 2017.
Постдипломски студии:
Институт за македонска литература при УКИМ во Скопје, културолошки студии (во книжевноста), Патописот во македонскиот XIX век, 2010.
Високо образование:
Филозофски факултет при УКИМ во Скопје, група историја

Учество во научноистражувачки проекти 
•   Интеркултурна историја на македонскиот народ (одредници за XIX век), ИМЛ, Скопје
•   Прилепчани XIX век, ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ Прилеп
•   Жанровските и естетските литературни вредности на македонскиот 19 век, ИМЛ, Скопје
•   Христијанската традиција во македонско-словачките духовни и културни врски, ИМЛ, Скопје
•   Кодови на препознавање во македонско-хрватската интеркултурна комуникација, ИМЛ во соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека
•   70 години од смртта на Борка Талески и Лазо Филиповски, ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“, Прилеп
•   Македонски искушенија, Министерство за култура на Република Македонија и издавачка куќа Магор, Скопје
•   Едиција Pro Macedonia, НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје

Учества на научни собири
•    Меѓународна научна конференција Македонско-хрватски и Хрватско-македонски книжевни, културни и јазични врски (2011, 2013 и 2017 година)
•    70 години од убиството на Борка Талески и Лазо Филиповски, Прилеп (2012)
•    Македонско-словачки книжевни, културни и јазични врски, I и II (2013 и 2015 година)
•    Popular Culture: Reading From Below/ Популарна култура: поглед одоздола, ИМЛ, Скопје (2014)
•    За љубовта, Здружение за компаративна книжевност и Здружение на класични филолози, Скопје (2014)
•    За Душата, Здружение за компаративна книжевност на Македонија (ЗККМ), Здружение на класични филолози „Антика“ и Филозофско друштво на Македонија, Филозофски факултет при УКИМ, Скопје (2016)
•    Критика и молк, научна конференција, ИМЛ, во МАНУ (2016)
•    Философијата и мирот, Скопје, Филозофски факултет, (2017)
•    Културата на распродажба: Конзумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти, ИМЛ, Скопје (2018)
•   70-години од објавувањето на првата стихозбирка на Блаже Конески „Земјата и љубовта“ (1948) и 25 години од смртта, ИМЛ, Скопје (2018)
•   Почетоците на австриската дипломатија во Македонија – по повод преседавањето со Европската Унија од страна на Република Австрија, Амбасада на Република Австрија во Скопје, Почесен конзулат на Република Австрија во Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, Институт за национална историја-Скопје, НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола и Македонско научно друштво Битола (2018)
•   Hip-Hop Madе in Macedonia, Министерство за култура на Република Македонија, MC Gallery, Њујорк, САД (2018)
•   Македонско-хрватски културни врски, „Рацин – збор, простор и време“, Совет за националните малцинства во Република Хрватска, Загреб (2018)
•   Рацинов ден „Бели мугри“, Заедница на Македонците во Република Македонија и MKД “Oхридски бисер“ од Загреб, Самобор, Хрватска (2018)
•   Популаризација на културното наследство во Скопје и Скопско, ИМЛ, Град Скопје, Скопје (2019)
•   Хип-Хоп култура (40-години уметнички перформанс), ИМЛ, Скопје (2019)

Монографии
•    „Милош С. Милоевиќ и српските претензии кон Македонија во XIX век“ (2009), Макавеј, Скопје, 124 стр.
•    „Патописот во македонскиот XIX век“ (2010), Современост, Скопје, 217 стр.
•    „Деспот С. Баџовиќ, непознати страници за еден Македонец“ (2010), Современост, Скопје, 106 стр.
•    „Прилепчани XIX век, енциклопедиски именик“ (2010), Градска библиотека „Борка Талески-Прилеп,  „Современост“, 126 стр.
•    „Македонија - кратка енциклопедија револуционери“ (2011), Градска библиотека „Борка Талески“, Прилеп, 306 стр.
•    „Почетоците на македонскиот патопис“ (2011), Академски печат, Скопје, 97 стр.
•    „Македонија и Балканските војни“ (2012), Современост и Урбан Институт - Скопје, 194 стр.
•    „Џебна енциклопедија на македонски револуционери“ (2012), Современост и Урбан Институт, 304 стр.
•    „Културната преродба во Прилеп во XIX век“ (2015), Институт за македонска литература, Скопје, 200 стр.
•    „Прилеп и Прилепско во XIX век (културно-историски процеси)“ (2017), Современост, Скопје, 528 стр.
•    „Македонското женско творештво во XIX век“ (2018), Институт за македонска литература, Скопје, 318 стр.

Објавени трудови во периодиката: над 100 студии, рецензии и есеи.

Членства во научни и други професионални асоцијации
•    Хрватско книжевно друштво, Риека
•    Здружение на историчарите на Република Македонија, Скопје
•    Друштво за наука и уметност, Прилеп
•    Друштво на писателите на Македонија, Скопје

Општествени и професионални должности
•    уредник во издавачката дејност на Матицата на иселениците на Македонија (2009)
•    уредник на годишникот „Велес“ (2009-2012)
•    уредник на е-списанието „НИЕ“ (2012-2013)
•    член на Oрганизацискиот одбор при Институтот за македонска литература во Скопје за I. меѓународен научен собир „Словачко-македонски книжевни, културни и јазични врски“, Нитра,  Универзитет „Константин Филозоф“ (2013) и за II. меѓународен научен собир „Македонско-словачки книжевни, културни и јазични врски“, Скопје, МАНУ (2015).
•    главен и одговорен уредник на списанието „Современост“ (2013-2017)
•    член на редакцијата на списанието „Спектар“ (2014-тековно)
•    уредник на II македонско-слoвачки зборник на научни трудови, ИМЛ, Скопје (2016)
•    уредник во издавачката дејност за историски публикации на издавачката куќа „Магор“ (2017)
•    уредник во списанието „Riječi“, од Брчко, Босна и Херцеговина (2017)
•   член на организацискиот одбор при ИМЛ за трибината Хип-Хоп култура (40-години уметнички перформанс), ИМЛ, Скопје (2019)
•   раководител на проектот „Хип Хоп Македонија Поетри Слем“, ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“, Скопје (2019)

Добитник е на повеќе признанија, меѓу кои наградата за наука „3 Ноември“ на град Прилеп и наградата за необјавена поема на македонски јазик „Григор Прличев“. Во 2018 година ја добил државната награда „Гоце Делчев“ за особено значајно остварување од интерес на Република Македонија од областа на науката за монографијата „Прилеп и Прилепско во XIX век (културно-историски процеси)“.