Menu

Историја на македонската книжевност

Период на реализација: 1982-1991
Главен истражувач: проф. д-р Георги Сталев 

Макропроектот е поврзан со првата деценија од научноистражувачкиот развој на Институтот за македонска литература. Неговата цел е истражувања и собирање граѓа за изготвување повеќетомна Историја на македонската книжевност. Во реализацијата на макропроектот се вклучени сите научни работници од Институтот кои работат на теми во рамките на потпроекти, сообразени со дејноста на научноистражувачките одделенија.

Студиски истражувања на македонската литература

Период на реализација: 1992-1994
Главен истражувач: проф. д-р Георги Сталев

Реализацијата на овој макропроект се одвива по теми во рамките на потпроекти, сообразени со дејноста на научноистражувачките одделенија.