Menu

Историја на македонската книжевност

Период на реализација: 1982-1991
Главен истражувач: проф. д-р Георги Сталев 

Макропроектот е поврзан со првата деценија од научноистражувачкиот развој на Институтот за македонска литература. Неговата цел е истражувања и собирање граѓа за изготвување повеќетомна Историја на македонската книжевност. Во реализацијата на макропроектот се вклучени сите научни работници од Институтот кои работат на теми во рамките на потпроекти, сообразени со дејноста на научноистражувачките одделенија.

Во истражувањата се вклучени и кадри од Филолошкиот факултет во Скопје и други научни институции. Резултатите од овој проект се: оформена граѓа од монографии, студии, огледи и други научни статии кои се јавно промовирани, картотеки, изворна граѓа, каталози, библиографски прегледи кои се трајна архивска документација за идните истражувања. За објавување на резултатите од истражувањата и сознанијата на литературната наука се формира Редакција во состав: проф. д-р Георги Сталев, претседател и проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, проф. д-р Томе Саздов, проф. д-р Гане Тодоровски и проф. д-р Милан Ѓурчинов, членови. Во 1997 година се објавени првите два тома Средновековна книжевност од Вера Стојчевска-Антиќ и Усна народна книжевност од Томе Саздов. Во 2001-2002 година се објави и третиот том Македонската книжевност 1800-1945 од Георги Сталев, разработен во два дела Македонска литература во 19. век и Македонската литература во првата половина на 20. век.Остануваат за објавување томовите Македонска книжевна критика, Литературите на националностите во Македонија и Македонско-странски книжевни и културни врски

Запознајте се со изданијата од макропроектот Историја на македонската книжевност.