Menu

МИТОТ И РИТУАЛОТ ВО МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ТВОРЕШТВО

Период на реализација: 01. 07. 1995 - 30. 06. 1998; 2000
Главен истражувач: проф. д-р Томе Саздов, а во 2000 година проектот го раководеше д-р Ленка Татровска.
Соработници: д-р Марко Китевски, д-р Ленка Татаровска и Ана Мартиноска
 

Во проектот беа истражувани едни од најстарите форми на изразување на човештвото, а тоа се митот и ритуалот. Нивната заедничка драмска структура е една иманентна специфика по која истите се препознаваат. Митско-ритуалните обрасци и нивната исконска симболика се мошне застапени во најразличните форми на искажување во македонскиот фолклор. Во проектот учесниците -истражувачи особено се задржуваат на магијата и уметноста на зборот во најархаичните креативни форми - баењата; потоа на стандардните и проблематични модели за ритуалниот молк, па се до поразвиените митски претстави за личноста на Крали Марко во македонската усна книжевност.