Menu

КРИТИЧКИТЕ МОДЕЛИ ВО МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ВО СВЕТЛИНАТА НА СВЕТСКАТА КНИЖЕВНО-ТЕОРЕТСКА МИСЛА

Период на реализација: 01.01.1995 - 31.12.1997
Главен истражувач: проф.д-р Влада Урошевиќ
Соработници: д-р Александар Прокопиев, м-р Анастасија Ѓурчинова, м-р Соња Стојменска-Елзесер

Проектот, со помош на теоретско-компаративна методологија ја истражува македонската литературна критика, сумирајќи ги и определувајќи ги нејзините доминантни типови и карактеристики и доведувајќи ги во корелација со критичките модели негувани во други културни средини. Финалните студии произлезени од истражувањата во рамките на овој проект се концентрирани врз следните проблеми: (А. Прокопиев) Архетипско-феноменолошки модел на книжевна критика во македонската критичарска практика; Постмодернистички тенденции во македонската книжевна критика; Импресионистички облици на критика во македонската литература; (А. Ѓурчинова) Тенденција за модернитет во македонската книжевна критика – периодот на 50-те години; Видови на ангажирана критика во современата македонска литература; Одгласи на Елиотовскиот критички модел во современата македонска книжевност; (С. Стојменска-Елзесер) Структуралистичката парадигма и македонската книжевна критика; Ориентација кон поетиката во македонската книжевна критика во допир со искуството на руските формалисти; Компаратистичка тенденција во македонската книжевна критика.