Menu

ПРОЦЕСИ И ДЕЛА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА НА 20 ВЕК

Период на реализација: 01.01.1995 - 31.12.1997
Главен истражувач: проф. д-р Георги Сталев
Соработници: д-р Веле Смилевски, д-р Васил Тоциновски, д-р Јованка Стојановска - Друговац и м-р Лорета Георгиевска - Јаковлева

Во рамките на проектот реализирани се монографски студии за животот и творештвото на одделни автори како и развојни тенденции од периодот на македонскиот книжевен ХХ век. Предмет на истражување беа животните и творечки врвици на Ѓорѓи Абаџиев, Асен Шудров - Ведров, Антон Великов - Беломорски и Воислав И. Илиќ, како и македонската книжевност за деца од 1918 до 1941, прашањето за гледната точка и македонскиот роман во периодот 1952 - 1960 и драмите на Горан Стефановски. Изработените студии низ нови архивски истражувања, со релевантни теоретски и естетски согледби, претставуваат прилог во расветлувањето и вреднувањето не само на делото како книжевно-естетски феномен, туку и на историските услови на неговото појавување.