Menu

СРЕДНОВЕКОВНИ ЖАНРОВИ ВО СТАРАТА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА

Период на реализација: 01.01.1995 - 31.12.1997
Главен истражувач: проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ
Соработници: д-р Ѓорги Поп-Атанасов, д-р Илија Велев, м-р Маја Јакимовска-Тошиќ и д-р Добрила Миловска. 

Реализацијата на проектот се одвиваше во рамките на конкретни теми: д-р Вера Стојчевска-Антиќ работеше врз тематското подрачје Паралели и компарации на Климентовите слова со библиски, литургиски, хагиографски и други средновековни книжевни текстови; д-р Ѓорги Поп-Атанасов ја изработи темата Средновековна македонска химнографија од 9 до 13 век; д-р Илија Велев работеше врз обемната студија Ракописните мешовити (антологиски) зборници во македонската книжевна традиција; д-р Добрила Миловска партиципираше со тематското подрачје Македонската средновековна проза (раскази); м-р Маја Јакимовска-Тошиќ ја изработи темата Историско-книжевните творби во македонското средновековие. Резултатите од проектот беа презентирани преку публикуваните изданија: Средновековни книжевни жанри, Скопје 2000 (автори: Вера Стојчевска-Антиќ, Добрила Миловска и Маја Јакимовска-Тошиќ) и Средновековни книжевни антологии, Скопје 2000 (автор Илија Велев).