Menu

МАКЕДОНСКАТА СОВРЕМЕНА ПРОЗА ВО БАЛКАНСКИ КОНТЕКСТ

Период на реализација: 01.01.2001 - 31.12.2003
Главен истражувач: д-р Александар Прокопиев
Соработници: д-р Јасмина Мојсиева Гушева, Африм Реџепи и повеќе надворешни соработници

Проектот имаше за цел создавање на теориско-есеистичка основа за балканолошката книжевна дијагностика, односно ги анализираше книжевните и културни коегзистанции во разнородната книжевна историја и современост на балканските народи. Со ваквиот пристап се овозможи подржување на идејата на сродност маѓу македонските и другите литератури од една страна, но се инсистираше и на конкретните разлики од друга страна. Во овој интеркнижевен (културален) меѓународен научен проект со свои трудови зедоа учество десетина научни и универзитетски експерти од Балканот со што се оствари размена на најновите книжевни критички согледувања во еден поширок балкански контекст.