Menu

СРОДНОСТИ МЕЃУ СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА И ДРУГИТЕ БАЛКАНСКИ ЛИТЕРАТУРИ

 

Период на реализација: 01.01.2002 - 31.12.2004
Главен истражувач: д-р Јасмина Мојсиева-Гушева
Учесници: д-р Намита Субиото (Филизофски факултет, Љубљана, Словенија), Дејан Ајдачиќ (Филолошки факултет Киев, Украина), д-р Александар Јерков (Филолошки факултет, Белград, Србија и Црна Гора), д-р Николај Аретов (Институт за литература, Софија, Бугарија) д-р Александар Прокопиев (Институт за литература, Скопје), д-р Ермис Лафазановски (Институт за фолклор, Скопје) д-р Јасна Котеска(Филолошки факултет, Скопје), д-р Мируше Хоџа (Филолошки факултет, Скопје), д-р Соња Стојменска-Елзасер (Институт за литература, Скопје), м-р Јордан Ефтимов (Нов бугарски универзитет, Софија), м-р Емилија Мајсторова (НУБ, Скопје) м-р Сена Ариф (Филолошки факултет, Скопје), м-р Сузана Спасовска, Јасминка Марковска, Кирил Мираковски (постдипломци на Филолошкиот факултет, Скопје)

Во рамките на овој проект се истражува конкретната проблематика на Реалното и Имагинарното во Балканските литератури, во соработка со истражувачи од различни истражувачки центри од Балканот. Првата фаза на проектот имаше за цел да произведе увид во теориските претпоставки за реалното и имагинарното кои функционираат во балканскиот контекст, како и да претставува еден вид предлошка во понатамошните апликативни и компаративни проучувања. Во втората фаза на проектот се извршија компаративни и аналитички проучувања врз конкретни текстови од балкански автори во споредба со конкретни текстови од македонски автори, со што се утврдија сличностите и разликите во книжевните постапки, тематика, типовите и жанровските карактеристики на нивните прозни текстови, претежно раскази. Преку ваквата конкретизација на анализите и постојаниот паралелизам меѓу одделните балкански книжевности и македонската книжевност се обезбеди увид во развојот на концепциите за реалното и имагинарното, начинот на нивната примена и популаризација, како и специфичните контексти во кои се развиваат книжевностите на Балканот (временски, теоретски, жанровски). Од истражувањата на овој проект во подготовка е една интересна монографија за балканската кратка проза.