Menu

СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ РОМАН

Период на реализација: 01.01.2002 - 31.12.2004
Главен истражувач: д-р Лорета Георгиевска - Јаковлева
Соработници: д-р Јованка Стојановска - Друговац, д-р Мито Спасовски, д-р Мишел Павловски

Проектот е замислен како дел од повеќегодишно истражување. Во посочениот период разработени се: Проблемот на третманот на романите пред 1945 (пред кодификацијата на македонскиот литературен јазик), пишувани од Македонци, на македонистички теми, но не и на македонски јазик. Предмет на интерес се романите: Живи гробови од А.Панов (недовршен, пишуван на македонски и српски јазик), Трајан од А.Крстиќ, романите на А.Каваев како и романот Горјан на Т.С.Брадина. Предмет на проучување е и односот на историјата и литературата, при што преку теоретските согледби на односот фикција-факција, веродостојност-веројатност, историско знаење-книжевно знаење се разгледуваат романите на Т.Георгиевски, С.Дракул, П.М. Андреевски, С.Јаневски, С.Мицковиќ, В.Андоновски и др. Посебен пункт на истражување е и детскиот роман во Македонија со посебен акцент на: тематско-мотивските преокупации, динамиката и интензитетот на објавите, како и парадигмите на уметничко-естетското и воспитното во современиот македонски роман за деца. Четвртиот пункт на истражувањето е сконцентрирано на прашањето на травестија на романсиерскиот во театарски жанр, при што се посочени два генерални модели на театарско преобликување.