Menu

КИРИЛОМЕТОДИЕВСКИОТ ПРЕВОД НА БИБЛИЈАТА

Период на реализација: 01.01.2002 - 31.12.2004
Главен истражувач: д-р Маја Јакимовска-Тошиќ
Соработник: д-р Ѓорги Поп-Атанасов и д-р Илија Велев

Соработниците во проектот извршија реконструкција на Кирило-Методиевски превод на Библијата врз основа на македонски глаголски и кирилски ракописи, продуцирани во периодот од 10 до 14 век. Притоа, се изврши идентификација и проучување на сите македонски библиски ракописи кои настанале во посочениот период, како и на оние ракописи од литургиски тип, кои во вид на паримии содржат делови од библиски текстови со старозаветна и новозаветна содржина. Акцентот во проучувањата беше ставен врз текстолошкото оформување на библискиот текст како литературна целина и ширењето на Библијата во македонската книжевна средина. Д-р Маја Јакимовска-Тошиќ го обработи Кирилометодиевскиот превод на евангелскиот текст, д-р Илија Велев - Кирилометодиевскиот превод на Апостолот и д-р Ѓорги Поп-Атанасов - Кирилометодиевскиот превод на Псалтирот.