Menu

КНИЖЕВНИ ПРОСТОРИ – „НАШЕТО“ И „ТУЃОТО“ ВО СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА И КУЛТУРА

Период на реализација: 01.01.2004 - 31.12.2006
Главен истражувач: д-р Александар Прокопиев
Соработници: д-р Соња Стојменска - Елзесер, д-р Наташа Аврамовска, д-р Јованка Стојановска - Друговац и д-р Африм Реџепи

Проектот е замислен како продлабочување на компаративистичките истражувања во Одделението за теорија на литературата и компаративна книжевност, што се вршат од самиот почеток на неговото функционирање. Првенствено, низ компаративна призма и со компаративна методологија се опфатени различни сегменти од македонската современа литература. Учесниците во проектот партиципираат со одделни проектни теми, координирани со оглед на глобалниот проектен контекст и интерес. Стожерните тригодишни теми на проектот се: Книжевно-поетички транзиции, на која работи д-р Александар Прокопиев, Уметничкиот патопис во современата македонска литература на која работи д-р Соња Стојменска-Езлесер и Телото на говорот на која работи д-р Наташа Аврамовска. Со едногодишно замислени проектни задачи првата година во реализацијата на проектот беа вклучени д-р Јованка Стојановска-Друговац со темата Асен Каваев - писател и интелектуалец во различни културни и книжевни средини и д-р Африм Реџепи со проектната тема Наративната фигура простор во романот.