Menu

НАЦИОНАЛНИТЕ РЕФЛЕКСИИ ВО ОПРЕДЕЛЕНИ ТВОРЕЧКИ ПРОЈАВИ НА МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНОСТ ВО 19 ВЕК

Период на реализација: 01.01.2004 - 31.12.2006
Главен истражувач: д-р Васил Тоциновски
Соработници: д-р Валентина Миронска-Христовска, д-р Наташа Аврамовска и м-р Ана Мартиноска

Националното како релевантна назнака ги одредува и ги усмерува книжевните пројави, движења и резултати во македонската литература во 19 век. Со појавата и развитокот на книжевноста, конституирањето и афирмацијата на сите книжевни жанри, се отвора и жестоко се разгорува и борбата за конституирање на македонскиот литературен јазик. Во тој комплекс книжевноста најуверливо се одразува како дел од севкупната егзистенција на Македонија и нејзината борба за извојување на национални и социјални права и слободи. Во проектот се истражуваат: расказот (д-р Васил Тоциновски), преродбенските и револуционерни ангажмани на Васил Диамандиев (д-р Наташа Аврамовска), монографија за Трајко Китанчев (д-р Валентина Миронска-Христовска) и националните и етнички стереотипи во одредени творби од македонската усна книжевност (м-р Ана Мартиноска).