Menu

ИМАГОЛОГИЈА - СЛИКАТА ЗА ДРУГИОТ ВО СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА

Период на реализација: 01.10.1999 - 30.09.2002
Главен истражувач: акад. д-р Влада Урошевиќ
Соработници: д-р Александар Прокопиев, д-р Анастасија Ѓурчинова, м-р Соња Стојменска-Елзесер
  

Во проектот е истражен корпусот на прозната и драмската македонска продукција, и во него се маркирани и коментирани сегментите што укажуваат на постоење на "сликата на Другиот" (соодносите меѓу одделните национални, етнички, културни, религиозни, родови и други идентитети). Посебни студии произлезени од проектот: (А.Прокопиев) Сликата на Ромите и Евреите во македонскиот расказ; (А. Ѓурчинова) Сликата на Италијанецот во македонскиот современ роман; (С. Стојменска-Елзесер) Сликата на словенството и на другите словенски народи во македонската проза и драма. Методолошки, проектот претставува негување на специфичната компаратистичка дисциплина – имагологија, која преку овие трудови добива пионерски истражувања врз апликативен материјал од македонската национална литература и воедно претставува алка преку која македонската компаратистика се вклопува во актуелните светски трендови на книжевните проучувања.