Menu

ДРАМСКИТЕ ЕЛЕМЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР

Период на реализација: 01.10.1999 - 30.09.2002
Главен истражувач: д-р Марко Китевски
Соработници: д-р Ленка Татаровска и Ана Мартиноска

Проектот опфати истражувања на драмските елементи во македонскиот фолклор, како во фолклорните така и во етнографските материјали. Д-р Марко Китевски ги обработи драмските елементи во народните песни и приказни, во кратките фолклорни жанрови, но и во обичаите, баењата, народните игри итн. Тој одговори на прашањето колку во македонските фолклорни и етнографски материјали се среќаваат драмските елементи: дејствие, место и време, лица, текст, маски, сценографија, костуми, сценарио, режисер, публика, подготовки итн. Д-р Ленка Татаровска изврши подетални истражувања и толкувања на низа мистични аспекти на ритуалниот молк во македонските народни умотворби и во народните обичаи, а Ана Мартиноска се задржа на подетални истражувања на македонските народни гатанки.