Menu

Собири

snv81205Институтот за македонска литература - Скопје во рамките на своите годишни програми и програмите за одбележување годишнини на значајни настани и истакнати личности на Собранието на Република Македонија досега бил носител на бројни научни собири и симпозиуми со кои се одбележани значајни автори и дела од трајна вредност во традицијата и континуитетот на македонската литература. На научните собири зеле учество поголем број еминентни научници од универзитетските центри во странство, со што Институтот се отвора кон светот, ги следи најновите истражувачки резултати и воспоставува меѓународна научна соработка. Презентираните научни трудови се публикуваат во зборници, кои претставуваат придонес за нашата книжевна наука.

snv81245Институтот за македонска литература активно учествува на меѓународните научни конференции, летната школа и другите содржини во рамките на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, кој во организација на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, секоја година, во текот на јуни-јули се одржува во Охрид, Република Македонија.

1.

Научен симпозиум: Творештвото на Ацо Шопов (70 – годишнина од раѓањето на поетот)
Филолошкиот факултет-Скопје, 13 мај 1993

2.

Научен симпозиум: Ристо Крле - живот и дело
Струга, 31 мај – 1 јуни 1996

3.

Научен симпозиум: Феноменот ЉУБОВ во балканските литератури и култури
Молика, 23-26 април 1998

4.

Научен симпозиум: Творештвото на Владо Малески
Струга, 20-22 мај 1998

5.

Научен собир: Шеесет години од излегувањето на збирката "Бели Мугри" од Кочо Рацин
МАНУ, Скопје, 30 ноември 1999

6.

Научен собир: Деведесет години од раѓањето на Никола Вапцаров
НУБ "Св. Климент Охридски", Скопје, 9 декември 1999

7.

Научен собир: Сто години од раѓањето на Ристо Крле
Скопје, 20 септември 2000

8.

Научен симпозиум: Војдан Поп Георгиев-Чернодрински - живот и дело
Струга, 2-4 јуни 2000

9.

Научен собир: Партениј Зографски - живот и дело (125 години од смртта)
МАНУ, Скопје, 4 април 2001

10.

Свечен собир по повод 20 години од формирањето на Институтот за македонска литература - Скопје
Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, 14 јуни 2001

11.

Свечен собир по повод 140 годишнината од излегувањето на Зборникот на браќата Миладиновци – во заедничка организација со Македонската академија на науките и уметностите и Филолошкиот факултет „Блаже Конески" во Скопје
МАНУ, Скопје, 20 јуни 2001

12.

Научен симпозиум: Деведесет години од раѓањето на Ѓорѓи Абаџиев
Дојран, 4-5 октомври 2001

13.

Научен собир: 60 години од смртта на Коле Неделковски
НУБ „Св. Климент Охридски", Скопје, 6 декември 2001

14.

Научен собир: Осумдесет години од раѓањето на Блаже Конески во заедничка организација со Македонската академија на науките и уметностите и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков" во Скопје
МАНУ, Скопје, 20 декември 2001

15.

Научен собир: Творештвото на Стале Попов
Прилеп, 9 мај 2002

16.

Научен симпозиум: Димитрија и Константин Миладиновци
Дом на АРМ, Скопје, 13 и 14 јуни 2002

17.

Меѓународен научен собир: 50 години македонски роман
Друштво на писателите на Македонија, Скопје, 28 и 29 ноември 2002

18.

Научен собир: Јордан Хаџи Константинов Џинот (120 години од смртта)
НУБ „Св. Климент Охридски", Скопје, 17 октомври 2002

19.

Научен собир: Творештвото на Васил Иљоски
Друштво на писателите на Македонија, Скопје, 25 декември 2002

20.

Меѓународен научен собир: Животот и делото на Ацо Шопов - во заедничка организација со Македонската академија на науките и уметностите, Филолошкиот факултет „Блаже Конески" и Друштвото на писателите на Македонија
МАНУ, Скопје, 5 и 6 ноември 2003

21.

Меѓународен научен собир: Делото на Крсте Мисирков - во заедничка организација со Македонската академија на науките и уметностите, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков", Институтот за национална историја, Институтот за фолклор „Марко Цепенков", Институтот за старословенска култура и Филолошкиот факултет „Блаже Конески"
МАНУ, Скопје, 27-29 ноември 2003

22.

Научен собир: Коста Абраш (125 години од раѓањето)
Дом на културата „Григор Прличев", Охрид, 8 јуни 2004

23.

Научен собир: Рајко Жинзифов (165 години од раѓањето)
Градска библиотека „Браќа Миладиновци", Скопје, 12 ноември 2004

24.

Научен собир: Стерјо Спасе (90 години од раѓањето)
Филолошки факултет „Блаже Конески", Скопје, 14 декември 2004

25.

Меѓународен научен симпозиум: Македонскиот расказ
Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, 12-13 мај 2005

26.

Научен собир: Антон Панов (100 години од раѓањето) – во заедничка организација со Друштвото на писателите на Македонија
ДПМ, Скопје, 4 мај 2006

27.

Прв меѓународен научен собир: Хрватско-македонски книжевни и културни врски - во заедничка организација со Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека
Ректорат на Универзитетот во Риека, Хрватска, 26 и 27 септември 2006

28.

Меѓународен научен симпозиум: Развојот на македонската литература - по повод 25 години од основањето на Институтот за македонска литература - Скопје
Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, 25-26 октомври 2006

29.

Втор меѓународен научен собир: Македонско-хрватски книжевни и културни врски - во заедничка организација со Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека
Конгресен центар на УКИМ, Охрид, 10 и 11 октомври 2007

30.

Меѓународна научна конференција: Српско-македонски културни и книжевни врски - во заедничка организација со Центарот за научни истражувања при САНУ, Отсекот за книжевност при Универзитетот во Ниш и Учителскиот факултет во Врање
Универзитет во Ниш, Р. Србија, 15 - 17 ноември 2007

31.

Промоција на Филолошки студии 4/2006 – во рамките на работната посета на Институтот од страна на деканот на Пермскиот државен универзитет и членовите на Редакцијата од Руската федерација
Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, 25 април 2007

32.

Научен собир, по повод државниот празник „Св. Кирил и Методиј" Ден на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј и македонската културно-историска афирмација - во заедничка организација со Министерството за образование и наука и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков"
НУБ „Св. Климент Охридски", Скопје, 24 мај 2007

33.

Презентација на Македонската литературна база на податоци - во рамките на манифестацијата 2008 Година на македонскиот јазик Друштво на писателите на Македонија, Скопје, 27 март 2008

34.

Трибина: Македонскиот јазик и литературното творештво - во рамките на манифестацијата 2008 Година на македонскиот јазик
Друштво на писателите на Македонија, Скопје, 13 мај 2008

35.

Меѓународен македонистички собир - во рамките на манифестацијата 2008 Година на македонскиот јазик, во заедничка организација со Филолошкиот факултет „Блаже Конески", Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков" и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје
Конгресен центар на УКИМ, Охрид, 29 август – 1 септември 2008

36.

Манифестација Филмскиот воз „Кочо Рацин" по повод Сто години од раѓањето на великанот на македонската книжевност Кочо Рацин 1908-2008 – во заедничка организација со Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, општина Велес, Македонски железници, Министерство за култура, Македонската академија на науките и уметностите, НУБ „Св. Климент Охридски", Македонски центар за фотографија и Друштвото на писателите на Македонија.
Скопје – Велес, 18 декември 2008

37.

Трибина: 70 години од печатењето на збирката „Бели мугри" од Кочо Рацин - во соработка со општина Велес во рамките на 46-тите Рацинови средби
Велес, 11 јуни 2009

38.

Свечен собир: 100 години од раѓањето на Никола Вапцаров – во заедничка организација со Друштвото на писателите на Македонија
ДПМ, Скопје, 17 декември 2009

39.

Свечен собир: 125 години од раѓањето на Арсениј Јовков – во заедничка организација со Друштвото на писателите на Македонија
ДПМ, Скопје, 23 декември 2009

40.

Промоција на „Јавнопис" од акад. Гане Тодоровски
Институт за македонска литература, Скопје, 7 октомври 2009

41.

Тркалезна маса: Меѓусебната рецепција на словенечката и македонската литература – при остварена работна посета на Институтот од група писатели и книжевници од Љубљана, Р. Словенија
Институт за македонска литература, Скопје, 12 ноември 2009

42.

Интернационален форум: Падот на Берлинскиот ѕид низ призмата на романот „Осмото светско чудо" од Јордан Плевнеш - во соработка со Македонската академија на науките и уметностите и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА
Кинотеката на Македонија, Скопје, 20 и 21 ноември 2009

43.

Четврт меѓународен конгрес на Европската мрежа за компаративни студии
Тема: Книжевни дислокации / Literary Dislocations / Déplacements littéraires
Организатори: Институт за македонска литература во соработка со Друштвото за компаративна книжевност на Македонија и со REELC-ENCLS (Европската мрежа за компаративна книжевност)
Скопје-Охрид , 1-3 септември 2011

44.

Меѓународен научен собир во чест на 30-годишниот јубилеј на Институтот за македонска литература - Скопје: Макeдонскиот идентитет: литература, јазик, историја, култура
Ректорат на УКИМ, Скопје, 7 и 8 ноември 2011

45.

Меѓународен научен симпозиум: Блаже Конески и македонскиот јазик, литература и култура, во заедничка организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески", Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков" и Институтот за македонска литература
Филолошки факултет „Блаже Конески", Скопје, 15-16 декември 2011

47.

Свечен собир по повод 100 години од раѓањето на Кирил Пенушлиски
Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 28 ноември 2012

48.

Промоција на книгата Македонско-словачки компаративни согледби од Звонко Танески, издание на ИМЛ за 2012
Промотори:  д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и д-р Соња Стојменска-Елзесер

Амбасадата на Р Словачка во Р Македонија, 11 септември 2012

49.

Промоција на зборникот Literary Dislocations / Deplacements Litteraires / Книжевни дислокации од 4-th International REELC/ENCLS Congress, Edited by Sonja Stojmenska-Elzeser and Vladimir Martinovski
Промотор: проф. д-р Иван Џепароски

Младински културен центар во Скопје, 24 декември 2012

50.

Промоција на мултимедијалниот ЦД-ром Четвороевангелието на поп Јоан Кратовски од 1562 година од Илија Велев

Промотор:  д-р Маја Јакимовска-Тошиќ

Св. Јован Крстител – Бигорски манастир, 29 мај 2013

51.

IV Меѓународен научен собир Македонско-хрватски книжевни, културни и јазични врски

Охрид, Конгресен центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, 27 – 29 септември 2013

52.

I меѓународен научен собир Македонско-словачки книжевни, културни и јазични врски

Нитра, Р. Словачка, 28 и 29 ноември 2013

53.

Чествување за Анте Поповски и Димитар Солев

Друштво на писателите на Македонија, 11 декември 2013

54.

International Scientific Conference Popular Culture: Reading From Below / Популарна култура: поглед одоздола МАНУ, Скопје, 3-4 ноември 2014

55.

Промоција на Антологија на македонската книжевност. Книжевни остварувања од IX до XXI век
Друштво на писателите на Македонија, 24 декември 2014

56.

Книжевниот опус на Славко Јаневски (по повод 95 години од раѓањето на писателот)

Друштво на писателите на Македонија, 29 април 2015

57.

Втор меѓународен научен собир Македонско-словачки книжевни, културни и јазични врски

МАНУ, Скопје, 2 – 3 јули 2015

58.

Книжевниот опус на Живко Чинго (по повод 80 години од раѓањето на писателот)
Друштво на писателите на Македонија, 29 октомври 2015

59.

Промоција на научните изданија на Институтот за македонска литература, објавени во 2015
Матица Ексклузив, 28 декември 2015

60.

110 години од раѓањето на Антон Панов (со Центарот за култура „Антон Панов“ - Струмица)

Струмица, 9 мај 2016

61.

Меѓународна научна конференција „Критика и молк: читање на македонската литература и култура“ - по повод 35-годишниот јубилеј на Институтот

МАНУ, Скопје, 7 и 8 ноември 2016     

62.

Промоција на зборникот Popular Culture: Reading From Below / Популарна култура: поглед одоздола

ИМЛ, Скопје, 22 декември 2016