Menu

Писмото и писмените споменици како културно наследство

Предметен професор: д-р Илија Велев

Цели на предметот
Запознавање со научната дисциплина кодикологија и стекнување сознанија за појавата и развојот на писмото и писменоста како своевиден феномен во надградбата на културната традиција во сите фази и творечки форми на цивилизациските премостувања низ времињата, како и проучување на епиграфското и ракописното писмено и книжевно наследство во прилог на градењето претстава за континуитетот на македонскиот културноисториски развој.

Содржина на предметот

  • Кодикологијата како научна дисциплина и нејзиниот предмет на проучување;
  • Историскиот развој на книгата;
  • Појавата и развојот на писмата и на писменоста;
  • Развојот на писменоста во Македонија;
  • Втемелувањето на глаголицата и на кирилицата во македонската писмена традиција;
  • Охридска книжевна школа;
  • Писмени споменици со глаголско и со кирилско писмо;
  • Епиграфски писмени споменици;
  • Археографски опис на ракописните писмени споменици;
  • Методологии на датирање на писмата и на писмените споменици;
  • Средновековни скрипторски и книжевни центри во Македонија;
  • Светогорската писмена традиција;
  • Миграцијата на писменото културно и книжевно наследство;
  • Писци и книжовници на ракописното наследство;
  • Процеси на преведување и препишување;
  • Класификација на книжевниот жанровски систем;
  • Видови записи и натписи;
  • Илуминација на ракописните книги;
  • Водени знаци;
  • Дамаскинарството и афирмацијата на македонските писмени споменици пишувани на народен јазик;
  • Библиски писмени споменици пишувани на македонски народни говори;
  • Текстови на македонски народен говор пишувани со грчко писмо;
  • Преродбенските процеси и прашањето на македонскиот книжевен јазик и писменост.

Напомена: Програмската содржина ќе се прилагодува и според потесниот дисциплинарен и тематски интерес на докторантите

Основна литература
Хр. Илиевски, П. 2001. Појава и развој на писмото, Скопје, МАНУ
Велев, И. Макаријоска, Л. и Црвенковска, Е. 2008, Македонски споменици со глаголско и со кирилско писмо, Скопје, Влада на РМ и Институт за македонски јазик.
Джурова, А. 2007. В света на ръкописите, София, Универзитет „Св. Климент Охридски“.
Поп-Атанасов, Ѓ. Велев, И. и Ј. Тошиќ. М. 1997. Скрипторски центри во средновековна Македонија, Скопје, Филолошки факултет -Институт за македонска литература.
Група автори. 2008. Македонскиот јазик во глобалниот свет. 2008 – Година на македонскиот јазик, Влада на РМ.
Велев, И. 2012. Четвороевангелието на поп Јоан Кратовски од 1562 година, електронско издание, Скопје, Институт за македонска литература.

Дополнителна литература
Мошин, В. 2000 Словенска палеографија, Скопје, Менора.
Велев, И. 1996. Македонскиот книжевен 14 век, Скопје, Веда.
Велев, И. 2009. Во почетокот беше Словото, Скопје, Институт за македонска литература.
Поп-Атанасов, Ѓ. 2000, 2003 и 2004. Палеографски албум, т.1-3, Скопје, Менора.
Мошин, В. и Георгиевски, М. 1971, 1988, 1993, 2000. Словенски ракописи во Македонија, т. 1-8, Скопје, Архив на Македонија и НУБ „Св. Климент Охридски“.
Велев, И. и Јакимовска – Тошиќ, М. 2013. Ракописното наследство од Лесновскиот и од Марковиот манастир, Скопје, Институт за македонска литература.