Menu

Средновековни естетски и културни модели

Предметен професор: д-р Маја Јакимовска-Тошиќ

Цели на предметот
Проследување на средновековното културно наследство како верски и културен систем, со своја специфична естетика и карактеристичен културен модел. Толкувањето на религијата како културен систем и нејзиниот придонес во изградбата на средновековните естетски и културни облици во уметничкото живеење воопшто. Специфичните одредници на средновековното уметничко творештво се проследуваат од аспект на филозофските, идеолошките, структурните, стилско-изразните и естетските критериуми. Согледување на принципите на автентичната византиска естетика.

Содржина на предметот

  • Религијата/Христијанството како естетски и културен систем
  • Средновековни книжевни и културни модели/средновековни уметнички концепти
  • Византиската естетика во културниот и уметнички живот на македонското средновековие
  • Теологија и естетика на иконата
  • Богословската духовност во култната естетиката на хагиографското и химнографското творештво
  • Средновековни уметнички концепти во колективните и индивидуални креативни и уметнички заложби
  • Македонското средновековие во идејно-уметничката сфера на византиската цивилизација
  • Илуминацијата како естетски критериум во создавањето на ракописната книга
  • Естетиката на средновековното творештво како култно. Следење на развојот на различните средновековни уметнички и естетски облици, во контекст на периодите на нивната појава, и на материјалните структури и културните феномени на средновековното општество

Основна литература:
Dibi, Ž. 2001. Umetnost i društvo u srednjem veku, Beograd, Clio.
Бичков, В. 2012. Кратка историја византијске естетике, Београд, Службени гласник.
К. Заров, И. 2003. Византиска естетика и средновековниот живопис во Македонија од XIи XII век, Скопје, Табернакул.

Дополнителна литература:
Јакимовска-Тошиќ, М. 2001. Македонската книжевност во 15 век, Скопје, Институт за македонска литература
Радивој Радић, Р. 2006. Византија, пурпур и пергамент Еволута, Београд
Гирц, К. 2007. Толкување на културите, Скопје, Магор
Бичков, В. 1992. Ететскиот лик на битието, Скопје, Табернакул

С. Лихачов, Д. 1972. Поетика старе руске књижевности, Београд, Српска књижевна задруга