Menu

Среќата и културите

Предметни професори: проф. д-р Јасмина Мојсиева-Гушева, доц. д-р Дарин Ангеловски

Цели на предметот 

Усвојување на највлијателните сфаќања за концептот среќа од антиката до современата доба.

Препознавање и толкување на културните аспекти на феноменот среќа како покренувачи на креативниот чин.

Содржина на предметот 

Поимањето на среќата во класичната култура (концептот на евдајмонија, калокагатхија, хедонизам).

Аспекти на среќата во средновековната култура (секуларни наспроти несекуларни принципи)

Среќата како креативен чин во уметноста и културата (литература, визуелни уметности, филм)

Утилитаристички концепт на среќата (Џереми Бентам)

Мерливост на среќата (Густав Фехнер)

Конзумеризмот како средство на задоволство

Психолошка контрола на несреќата (алчноста, омразата, бесот, осаменоста)

Современи погледи на среќата (балансираност, самодоверба, дисциплина, заводливост, поврзаност со другите, етичка дисциплина, реалистични очекувања)   

Концепт на среќата  на Далај Лама (смиреност, внатрешна задоволеност,  добрина, сочувство, ослободување од страдање)

Центри за тренирање на среќата (холостички и технолошки)

Основна литература

Vilijam Dejvis (2017) Industrija sreće, Clio Beograd

Расел Бертран (2017) Освојување на среќата, Магор, Скопје

Далај Лама и Хауард Катлер (2008) Уметноста на среќата, Магор, Скопје

Дополнителна литература 

Јасмина Мојсиева-Гушева (1999) Алтруизмот наспроти егоизмот кај Андриќ и Конески, Феноменот Љубов во балканските литератури и култури, (приредиле Јасмина Мојсиева-Гушева и Александар Прокопиев), Институт за македонска литература, Скопје, стр. 69-105. 

Јасмина Мојсиева-Гушева (2004) Интелект и добивка, во Пари, думи, памет, Кралица Маб, Софиа, стр. 260-270.

Јасмина Мојсиева-Гушева (1999) Блаже Конески и осаменоста, во Придонесот на Блаже Конески за македонската култура, Зборник на трудови од научен собир, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, стр. 277-283.

Ronit Milano, William Barcham (editors) (2013) Happiness or Its Absence in Art, Cambridge Scholar Publishing  

Jasmina Mojsieva-Gusheva (2000) Genesis of the Moral, no.16 August 2000, www.Shine.com.mk 

Ангеловски Дарин (2016) Калокагатхија во Сократичките говори на Ксенофонт, Зборник на текстови од Симпозиумот Античкиот идеал на KAΛΟΚΑΓΑΘΙΑ, Филозофски факултет, Скопје, стр.137-143.

Иглтон Тери (2013) Смислата на животот, Магор, Скопје