Menu

Субкултура

Предметен професор: доц. д-р Славчо Ковилоски 

Цели на предметот 

Проследување на културните придобивки од субкултурата

Стекнување знаења од областа на современата уметност: музика, мода, графити; од областа на специфичниот говор - сленг и слем поезија; од повеќе општествени и хуманистички дисциплини

Оспособување за интердисциплинарно и мултидисциплинарно проучување и толкување на елементите на субкултурата; за анализа и синтеза на сознанијата од повеќе дисциплини во врска со субкултурата

Содржина на предметот 

Од субкултура до култура (што ја одредува културата - блуз, џез, хип-хоп)

Современа уметност: графити

Специфики на говорот: сленг 

Слем поезија (поетски перформанси)

Елементи на современата музика: DJ (Disck Jockey), MC (Master of ceremony), танц (B-boy)

Афроамерикански културни влијанија

Современи трендови: MTV, мода, гето-стил

Комерцијализација на субкултурата: влијание на општествените фактори врз појавата и развојот на урбаниот начин на живот; индустријализација на културата и уметноста

Основна литература

Radomir D. Đorđević (2002) Leksikon potkultura, Zograf, Niš

Александар Ковилоски,Славчо Ковилоски (2005) Аспекти на македонската урбана култура, Современост, Скопје

Зборник Popular Culture: Reading from below / Популарна култура: поглед одоздола, Институт за македонска литература, Скопје, 2016

Дополнителна литература 

Рејмонд Вилијамс (1996) Културата, Култура, Скопје

Илија Ацески (избор на текстови, редакција на преводот, воведна студија) (1995) Социологија на градот: социолошка хрестоматија, Филозофски факултет, Скопје

Александар Ковилоски (2014) Создавање на афро-американската култура и уметност, Академски печат, Скопје