Menu

Македонски културни икони

Предметни професори: проф. д-р Валентина Миронска-Христовска, доц. д-р Славчо Ковилоски

Цели на предметот

Запознавање со појавата и значењето на културните икони; 

Проследување на врската на културните икони со културниот процес; 

Овозможување согледби за улогата на културните икони и нивната улога во препознавањето на културниот идентитет.  

Стекнување знаења од повеќе општествени и хуманистички дисциплини; 

Оспособување за интердисциплинарно и мултудисциплинарно проучување и толкување на феноменот – културна икона; за анализа и синтеза на сознанијата од повеќе дисциплини (науката за литературата, социологијата, филозофијата, уметностите и сл.); 

Критички и самокритички способности за согледување на појавата и на масовното влијание на културните икони.

Содржина на предметот 

Сознанија за културните икони како артефакти кои ги препознаваат членовите на една култура или супкултура како репрезент на некој аспект од нивниот културен идентитет. 

Културната икона како слика, предмет, симбол, лого, име, лице, човек, градба, која има специјален статус, односно има посебно значење за определна група, народ или пак за некој период од историјата. 

Личности кои добиле статус на културна икона поради своите дела, постигнувања, улога во општеството, верувања, убедувања, како на пример во македонската култура што се Григор Прличев, Константин Миладинов во чии стихови го наоѓаме симболизирањето на секојдневниот живот, или пак, ликот на Сирма Војвода која претставува икона на борбата за рамноправност и револуционерност на жената. 

Културно значење на културните икони за поширока културна група или за еден народ, кои можат да бидат национални, регионални, глобални, при што некои можат да се поврзани со некој град, можат да симболизираат нации, или пак да евоцираат некои одредени вредности (Француската револуција - Маријана; Охрид – симбол на писменоста). 

Местото на културните икони во македонската литература и воопшто во популарната култура.       

Иконските фигури на определени социјални групи како на пример што се поп иконите, на определени навивачки групи (пример со спортските фанови).

Основна литература

Džon Fisk (2001) Popularna kultura, CLIO

John Storey (2003) Inventing Popular Culture from Folklore to Globalization, Blackwell Publishing Ltd

Sonja Stojmenska-Elzeser and Vladimir Martinovski, eds. (2012) Literary Dislocations, Institute of Macedonian Literature, Skopje  

Дополнителна литература 

Brian Barry (2006) Kultura i jednakost Egalitarna kritika multikulturalizma, Naklada Jesenski i Turk, Zagreb

Рејмонд Вилијамс (1996) Културата, Култура, Скопје