Menu

Културната и духовната традиција на Света Гора

Предметен професор: д-р Илија Велев

Цели на предметот
Градење научна и културолошка претстава за улогата и значењето на феноменот Света Гора во насока на проследување на нејзината културна и духовна традиција и влијанијата врз континуитетот на македонскиот културноисториски идентитет.

Содржина на предметот

  • Историската појава и развојот на Света Гора како своевидна духовна и културна република на Балканот на географскиот простор на Македонија;
  • Монаштвото на Света Гора;
  • Светогорските манастири како духовни и културни центри;
  • Другите помали црковни градби (скитови, параклиси, испосници и сл.) на Света Гора;
  • Архитектонската, фрескосликарската, иконописната, писмената и музичката традиција на Света Гора;
  • Светогорските книжевни центри;
  • Писмените и ракописно-книжевните споменици од Света Гора, со посебен осврт кон македонското писмено и книжевно наследство;
  • Света Гора и византиската духовна и културна традиција;
  • Света Гора и македонската духовна и културна традиција;
  • Дејноста на значајни македонски духовници, фрескосликари, книжевници и музиколози во светогорските центри;
  • Света Гора како центар за афирмација на исихастичкиот мистицизам;
  • Света Гора и улогата на интеркултурното премостување меѓу византискиот и словенскиот духовен и културен свет;
  • Света Гора и современите духовни и културни интегрирања во глобалните вредности;

Напомена: Програмската содржина ќе се прилагодува и според потесниот дисциплинарен и тематски интерес на докторантите

Основна литература
Поп-Атанасов, Ѓ. 2007. Света Гора, Скопје, Менора
Ангелопулос, А. 1997. Монашка заедница Свете Горе, Манастир Хиландар
Прашков, Л. и Шаренков, А. 1978. Паметници на културата на Света Гора София
Велев, И. 1996. Македонскиот книжевен XIV век, Скопје, Веда
Старец Пајсиј. 2001. Светогорските отци, Скопје, Табернакул

Дополнителна литература
Нихоритис. К. 1990. Атонската книжевна традиция в разпространението на Кирило-Методиевските извори, София,сп. Кирило-Методиевски студии, кн.7
Папахрисанту, Д. 2003. Атонско монаштво, Београд
Богдановић, Д. 1978. Каталог ћирилских рукописа манастира Хиландара, Београд
Кодов, Х. Райков, Б. и Кожухаров, С. 1985. Опис на славянските ръкописи в библиотеката на Зографския манастир в Света Гора, София
Јакимовска-Тошиќ, М. 2001. Македонската книжевност во XV век, Скопје, Институт за македонска литература.