Menu

Телото во културата

Предметен професор: д-р Наташа Аврамовска

Цели на предметот
Усвојување на основните претпоставки на поимањето на телото во различните култури и културни практики. Историскиот преглед и промислувањето на телото во културните практики на денешницата имаат за цел проблемски да ги осветлат поимањето, појавата и објавата на телото денес во разнообразните културни и општествени комуникации.

Содржина на предметот

  • Како конструкт на теоријата и оформено низ општествените и културни практики, телото, како стожерен поим на историјата на културниот материјализам, денес е предмет на бројни и во различни правци профилирани научни области: медицината, психологијата, социологијата, теоријата на литературата и уметностите, културолошките студии.
  • Предметот е замислен како увод во разнообразната културолошка проблематика на посматрање на телото во: историска перспектива, различните култури на истокот и западот и во различните профилации на интердискурзивните пронижаности на естетиката и теоријата на литературата и уметностите со другите дискурзивни практики: психологијата, социологијата, религијата, теориите на модернизмот, постмодернизмот и родовите теории.
  • Проблематиката на телото на посебен начин го поставува и проблемот на идентитетот па курсот е замислен како постојано одново редефинирање на проблематиката на идентитетот низ проследувањето на историјата на поимањето на телото.
  • Различните културолошки приоди во посматрањето на телото се аплицирани врз артефактите на  литературата и уметностите, при што и самото тело се посматра како артефакт во актуелните практики на културата и општеството.

Основна литература
Epštein, M. 2009. Filozofija tela, Beograd, Geopoetika
Featherstone, M. 1991. The Body: Social Process and Cultural Theory Theory, Culture &Society, SAGE: Publications

Дополнителна литература
Turner, B. S. 2008. The Body and Society SAGE: Publications
Paskvaloto, Đ. 2007. EstetikaPraznine (Umjetnost I meditacija u kulturama Istoka) Beograd, CLIO.