Menu

Уметничкото (книжевното) дело во современата култура

Предметен професор: д-р Африм Реџепи

Цели на предметот
Совладување на потребните современи дискурсивни теории за уметноста (книжевноста) во однос на глобализацијата и приспособување за примена на истите теории во практиката т.е. во анализата на конкретно уметничко (книжевно) дело.

Содржина на предметот

  • Уметничкото (книжевното) дело – структура и функција. Проблематиката на естетскиот објект како систем (Кант и Џ. Калер). Естетската функција како норма и вредност (Јан Мукаржовски), деконструктивистички критичарски приод кон знакот (Ролан Барт), реинтерпретацијата на читателот (Михаил Бахтин), книжевноста како автономна вербална структура (Нортроп Фрај), идејата на културата и уметничкото (литерарното) (Тери Иглтон), хаосмос (Жил Делез), уметноста (романот) на вечниот хаос (Џулиан Гоуг) и др.
  • Глобализацијата: - Културната парадигма, глобална култура (Р. Робертсон, А. Ападураји, Г. Спивак, М. Лоса, Х. Баба и др.) и социјалната парадигма: Е. Гиденс и др.
  • Глобализацијата и уметноста (Книжевноста): концептуални уметнички теориски дисциплини: постмодернизам (Ихаб Хасан, Ф. Лиотар), постколонијализам (Џ. Калер, Е. Саид, Х. Баба, Г. Спивак), светска и компаративна книжевност, превод и др., глобализацијата во литературата или литературна глобализација (Џ. Енсли, П. Џеј)
  • Методологија на анализата на избраните дела: протонистичка теорија (Ѓеке Маринај), интеркултурална херменевтика и естетика – теорија и практика на хармонијата (М. Хајдегер, Ж. Дерида, Минг Кси)

Основна литература
Robertson, R. 1992. Globalization: Social Theory and Global culture, London, Sage
Guptar, S. 2009. Globalization and Literatures, Cambridge: Polity Press
Appadurai, A. 1996. Cultural Dimension of Globalization Mineapolis, University of Minesota Press

Дополнителна литература
Mukarovsky, J. 1999. Knjizevne strukture, norme i vrijednosti, Zagreb, MH.
Борев, J. 2011. Енциклопедија на естетиката и на теоријата на литературата, Скопје, Македоника
Арнасон, Х. Х. 2009. Историја на модерната уметност (сликарство, скулптура, архитектура, фотографија, Скопје, Нампрес.