Menu

Урбана културологија

Предметен професор: д-р Соња Стојменска-Елзесер

Цели на предметот
Предметот е насочен кон детектирање на спецификите на урбаниот феномен и согледување на неговиот потенцијал и неговото влијание врз општата сфера на културата.

Содржина на предметот

  • Феноменот на градот проблеснува како предмет на интерес на речиси сите хуманистички дисциплини: еминентно социолошки, историско-политички, егзистенцијално-прагматички, планско-архитектонски, географско-туристички, а исто така е присутен и во сите уметности...
  • Polis, urbs, civis, city – тоа не е само местото каде што живееме, тоа не се само куќи заштитени со градски бедеми и порти, туку тоа е и идејата за тоа како можеме и како сакаме да живееме. Урбаниот простор е синоним за цивилизација (civis), поредок, стил кој се модифицира и развива во духот на актуелното општествено уредување…
  • Културолошките аспекти на градскиот живот нудат безброј можности за нивно толкување со помош на книжевните и други уметнички дела, така што во рамките на овој предмет првенствено се предвидува анализа на феномените град и метропола како интеркултурни жаришта, како сокровишта на колективна меморија, како ткаежи на текстуалност (градот како текст – текстот како град), како перфомативни, идентитетски, виртуелни полигони... 

Основна литература
Edited by: Jenks, C. 2004. URBAN CULTURE: Critical Concepts in Literary and Cultural Studies Routledge
Williams, R. 1985. The Country and the City, London, Hogarth Press
De Certeau, M. 1984. Walking in the city in The Practice of Everyday Life, Berkeley: University of California Press

Дополнителна литература
Benjamin, W. 1973. Charles Baudelaire: A Lyric Poet in the Era of High Capitalism, London
Simmel, G. (Ed. Frisby). 1997. 'The Metropolis and Mental Life', in: Simmel on Culture, London
Lefebvre, H. 1974. Urbana revolucija, Beograd, Nolit