Menu

Библиотека

New FAN2012059Библиотеката на Институтот за македонска литература - Скопје обезбедува користење на библиотечниот материјал и информациска подршка на научните истражувачи и студентите од Институтот, како и од сродните научни и високообразовни установи во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје.

Библиотечниот фонд содржи дела од полето на науката за книжевноста, но и дела од блиски и сродни научни полиња (наука за јазикот, драмска уметност, етнологија, филозофија, историски науки и сл.), периодични публикации, докторски дисертации, магистерски трудови, трудови од научноистражувачки проекти, зборници од научни собири и друг вид библиотечен материјал (архивска граѓа, стари ракописи, факсимили и сл.)

Библиотечниот фонд се создава и се обновува со купување, размена, подароци и со задолжителни депозитни примероци.

Ретките книги (уникати), списанијата, речниците и енциклопедиите можат да се користат исклучително во просториите на Библиотеката.

Библиотеката е отворена за корисниците секој работен ден од 8.00 до 15.00 часот.