Menu

Визија и мисија

Визија

  • New FAN2012030Високо респектирана научноистражувачка институција со позитивно евалуирани национални и меѓународни научноистражувачки проекти;
  • Научно препознатлива во европскиот простор на знаење по презентацијата на истражувачките резултати, по своите меѓународни научни списанија, зборници, научни книги и по атрактивните магистерски и докторски студии;
  • Афирмативна од аспект на истражувањата на културниот идентитет преку достојна презентација на македонската литература и култура и националниот статус;
  • Поврзана со меѓународната академска заедница преку постојано проширување и јакнење на меѓународната соработка;
  • Стабилна со обезбеден континуитет во научните истражувања по пат на непречено вработување и оспособување на млади истражувачки кадри.

 

Мисија

  • Утврдување на научноистражувачки приоритети, сестрано проучување и афирмација на науката за книжевноста и културолошките студии, на македонската литература и култура кај нас и во светот;
  • Непречена реализација на научноистражувачки проекти и примена на најновите научни сознанија;
  • Континуирано унапредување на квалитетот на студиските програми за втор и трет циклус кои ќе ги подготват студентите за постојан професионален развој;
  • Научно и стручно оспособување и усовршување на сопствените научни кадри и подготовка на млади кадри за научна работа, учество на релевантни меѓународни научни собири со цел презентација на научноистражувачките резултати;
  • Објавување за да се овозможи увид во резултатите од научните истражувања;
  • Соработка со сродни научни и високообразовни установи во земјата и странство;
  • Влијание и соработка со јавноста.

 

Да бидеме единствени, да не ги следиме другите, невозможното да го направиме возможно!