Menu

Македонска литература во XX век

 

Одделение за македонска литература во XX век

за предмет на научен интерес ги има развојните процеси, автори и дела кои на овој период му втиснаа особен печат. Вработените во ова одделение истражуваат неколку важни преломни фази во македонската литература: литературата од првите години на векот (особеностите на книжевните појави на преминот меѓу 19 и 20 век), Илинденскиот период, македонската литература меѓу двете светски војни, литературата што се создаваше во Народно-ослободителната војна, повоениот период или период на регуларен развој. Предмет на научно расветлување и толкување се и особеностите од жанровски аспект (во поезијата, прозата, драмата, критиката), како и прашања што произлегуваат од мотивско-тематските и стилските карактеристики на делата создавани во различните фази (обусловени и од различните општествени констелации) од развојот на македонската литература во текот на ХХ век.

Раководител: д-р Мишел Павловски, научен советник

Членови: д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, научен советник