Menu

Македонско-балкански книжевно-историски врски

 

Одделението за македонско-балкански книжевно-историски врски

се занимава со проучување и следење на контактите, преплетувањата, односите меѓу македонската литература и другите балкански литератури. Приоритетен предмет на истражување претставуваат допирните точки и проникнувања помеѓу балканските литератури на типолошки, книжевно-историски и идеен план, аспектите на културниот плурализам во минатото, интеркултурните и интерлитерарните врски во постарите, но и во поновите книжевно-историски епохи. 

Раководител: д-р Јасмина Мојсиева-Гушева, научен советник

Членови: д-р Гоце Смилевски, научен соработник, м-р Дарин Ангеловски, асистент-истражувач