Генерална асамблеја на Европската културна рута на Кирил и Методиј

На 23 мај 2024 година, во организација на Кирило-Методиевскиот научен центар при Бугарската академија на науките во Софија, се одржа Генерална асамблеја на членките на проектот Европската културна рута на Кирил и Методиј при Советот на Европа / Cultural Route of the Council of Europe: Cyril and Methodius Route. Од Институтот за македонска литература учествуваа директорката проф. д-р Наташа Аврамовска и проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, раководител на проектот од Институтот. Институтот беше застапен со постер кој ја илустрира Кирило-Методиевската традиција на македонската почва, некогаш и денес, во рамките на колективната изложба на земјите членки на Европската рута. На состанокот беше презентирана и програмата за претстојната меѓународна работилница за Рутата на Св. Кирил и Методиј на теренот на Скопје, што во организација на Институтот за македонска литература ќе се одржи на 8 и 9 октомври 2024 година во Скопје.

Повеќе за Европската рута