Skip to content

Изборни предмети од втор циклус

Културен туризам
Културен туризам

Предметни професори: проф. д-р Илија Велев, проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ

Цели на предметот 

Развој на колективната меморија за значењето на културниот туризам како презентирање на природните, духовните, културните и уметничките историски или современи вредности во функција на промоција на националните или на глобалните обележја од минатото и од сегашноста. 

Стекнување вештини за афирмација и менаџирање на културното наследство, на традиционалните обележја и на современите творечки достигнувања во определена природно-географска, државна, национална или локална туристичка дестинација.

Содржина на предметот 

Културата и туризмот;

Мобилноста и формалната суштина на културниот туризам;

Културниот туризам како форма на популарната култура;

Глобален, регионален и национален културен туризам;

Културен туризам на доживувања без граници;

Валоризација и промоција на културниот туризам;

Културната дипломатија во функција на туристичката афирмација;

Менаџирање и заштита на културното наследство; 

Културниот избор како туристичка понуда;

Туристичките дестинации по културните вредности од постарите цивилизации;

Саеми на културниот туризам;

Културниот туризам како дел од другите форми на туристички дестинации;

Меѓународни и национални повелби за културен туризам;

Едукација и вештини за презентации на културниот туризам;

Форми на културни туристички понуди: природни реткости, национални и етно паркови, споменици и споменични обележја, меморијални центри, архитектура, археолошки локалитети, сакрални споменици – цркви, манастири и други сочувани градби од религиозните конфесии, и сл.

Културни туристички мотиви: уметнички, етносоцијални, амбиентални, манифестациони, пејзажни и сл.

Еко туризмот и културните понуди;

Музеите и галериите како форми од културната туристичка дестинација;

Културниот туризам во функција на образовната едукација;

Меѓународни и национални масовни културни манифестации, фестивали, карневали;

Фолклорот и нарадоната култура како туристички потенцијали;

Центри на културен туризам во Република Македонија;

Охрид своевиден град музеј; 

Улогата на културниот туризам во профилирањето на традиционалниот и на современиот национален идентитет на определен народ или држава;

Македонските искуства во актуелизацијата на културниот туризам;

Културниот туризам како форма на промовирање на интеркултурно разбирање меѓу народите и меѓу државите;

Глобалните и националните перспективи на културниот туризам.

Основна литература

Добрица Јовичић (2008) Увод у туризмологију и туристичку географију, Београд

Bob McKercher, Hilary du Cros (2002) Cultural tourism: the partnership between tourism and cultural heritage management, Routledge

Greg Richards (2007) Cultural tourism : global and local perspectives, Routledge

Milena Ivanovic (2009) Cultural Tourism, Juta and Company Ltd

Група автори (1995) Македонија. Културно наследство, Скопје 

Сашо Коруновски (2006) Културно наследство, Охрид

Дополнителна литература 

Група автори (1994) Археолошка карта на Република Македонија, том 1 МАНУ, Скопје

Илија Велев (1990) Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија, Скопје

Група автори (2008) ЦД-Ром-Македонска културна ризница Скопје, Каламус

Ѓорѓи Поп-Атанасов, Илија Велев, Маја Јакимовска-Тошиќ (1997) Скрипторски центри во средновековна Македонија, Институт за македонска литература, Скопје

Цветан Грозданов (1983) Портрети на светителите од Македонија од IX до XVIII век, Скопје

Марко Китевски (2013) Македонски празници и празнични обичаи, Скопје

Dobrica Jovičić (2011) Menadžment turističkih destinacija, Beograd

Субкултура
Субкултура

Предметен професор: доц. д-р Славчо Ковилоски 

Цели на предметот 

Проследување на културните придобивки од субкултурата

Стекнување знаења од областа на современата уметност: музика, мода, графити; од областа на специфичниот говор – сленг и слем поезија; од повеќе општествени и хуманистички дисциплини

Оспособување за интердисциплинарно и мултидисциплинарно проучување и толкување на елементите на субкултурата; за анализа и синтеза на сознанијата од повеќе дисциплини во врска со субкултурата

Содржина на предметот 

Од субкултура до култура (што ја одредува културата – блуз, џез, хип-хоп)

Современа уметност: графити

Специфики на говорот: сленг 

Слем поезија (поетски перформанси)

Елементи на современата музика: DJ (Disck Jockey), MC (Master of ceremony), танц (B-boy)

Афроамерикански културни влијанија

Современи трендови: MTV, мода, гето-стил

Комерцијализација на субкултурата: влијание на општествените фактори врз појавата и развојот на урбаниот начин на живот; индустријализација на културата и уметноста

Основна литература

Radomir D. Đorđević (2002) Leksikon potkultura, Zograf, Niš

Александар Ковилоски,Славчо Ковилоски (2005) Аспекти на македонската урбана култура, Современост, Скопје

Зборник Popular Culture: Reading from below / Популарна култура: поглед одоздола, Институт за македонска литература, Скопје, 2016

Дополнителна литература 

Рејмонд Вилијамс (1996) Културата, Култура, Скопје

Илија Ацески (избор на текстови, редакција на преводот, воведна студија) (1995) Социологија на градот: социолошка хрестоматија, Филозофски факултет, Скопје

Александар Ковилоски (2014) Создавање на афро-американската култура и уметност, Академски печат, Скопје

  

Протонизам (од теорија во практика)
Протонизам (од теорија во практика)

Предметен професор: проф. д-р Африм А. Реџепи

Цели на предметот 

Курсот е структуриран околу три теми: 

Текст – преку кој студентите ќе научат да размислуваат и применуваат херменевтички модели на толкување;

Контекст – кој вклучува анализа на критички дискурси и институционална критика, при што студентите се учат како да го операционализираат она што го научиле преку теоријата и филозофијата на протонизмот и 

Прием – собраните информации од текстот и контекстот од страна на протонистот/студентот, забележување на пријатните ефекти, забележување на негативната енергија на грдите појави како и нивното претворање во позитивни вредности. 

Содржина на предметот 

Теории за културата – културата како динамична категорија. Феноменологијата на духот на Хегел, битисувањето на Хајдегер и негативната естетика на Т. Е. Адорно. Релациската естетика. Естетиката како политика и идеологија (Ж. Рансјер и Т. Игелтон). Уметничкото дело како културен артефакт. Идеалот на слободата и хуманизмот. Теоријата на хармонијата; 

Прагматизмот на Џон Дјуи и Никола Рорти;

Протонизмот, од теорија во практика на Ѓеке Маринај.

Основна литература

Gjeke Marinaj (2012) Protonizmi, Tirana 

John McDermott (1981) The Philosophy of John Dewey, University of the Chicago 

Kristen M. Walker (2013) Hemisfere. Visual culture of the America, Protonism, University of the New Mexiko

Дополнителна литература 

Grupa avtori (2006) Knjizevne teorije XX veka, Pragmatizam, Beograd 

Wiliam James (1907) Pragmatism, New York

Африм А. Реџепи (2012) Деконструкција на сликата за протонизмот, Спектар, бр. 62, Институт за македонска литература, Скопје

Библијата во културната традиција
Библијата во културната традиција

Предметни професори: д-р Илија Велев и д-р Маја Јакимовска-Тошиќ

Цели на предметот

Запознавање и градење на сознанија за христијанската духовна, филозофска и културна традиција, проникната во новите цивилизациски текови, со примена на методот на толкување на Светото писмо (Библијата) и нејзиниот одраз во културната историја и современост.

Содржина на предметот

  • Библијата како основа за профилирање на христијанската духовна и културна традиција.
  • Библиски книги.
  • Библијата и книжевната традиција.
  • Одразот на Библијата во ранохристијанската и во средновековната уметност и култура.
  • Библијата и историјата на теолошката православна мисла; проследување на развојот и судбината на црковното учење.
  • Патристичката книжнина: творбите на црковните писатели – свети отци.
  • Библијата и византиското богословие – спојот помеѓу античката филозофија, научната теолошка книжевност и практичната аскетско-мистична теологија.
  • Tемелните прашања на црковното учење и нивно проверување, ревидирање, доразвивање во текот на историјата на црковните догми;
  • Појаснување на Светото писмо преку толкувањето во најцелосна смисла на зборот и разработка на Откровението;
  • Библијата и македонскиот културноисториски идентитет.
  • Библијата во културната традиција на Македонија.
  • Социолошките и антрополошките културни интроспекции со библиски содржини.
  • Фолклорните форми во библиските текстови.
  • Афирмација на автентичната христијанската култура низ теолошките списи, фрескоживописот, црковните градби.

Основна литература

Свето писмо (Библија), Скопје, 2002

Мајкл Д. Куган (приредил), Оксфордаска историја библиског света  Београд 2006

Ѓорги Поп-Атанасов: Библијата за Македонија и Македонците, Скопје 1995

J.P.Migne Patrologae cursus completes Series Latina, t.1-122, Paris; 1844-1866 Series Graeca, t.1-160, Paris; 1850-1887; Series Graeco-latina, Paris; 1857

Дополнителна литература

Џон Дрејн: Увођење у Нови Завет, Београд 2004

Илија Велев: Македонскиот книжевен XIV век, Скопје 1996 

Маја Јакимовска – Тошиќ: Македонската книжевност во XV век, Скопје 2001

Културно наследство
Културно наследство

Предметни професори: д-р Илија Велев и д-р Маја Јакимовска-Тошиќ

Цели на предметот

Да се посочи значењето на културното наследство во цивилизациските проекции на почвата на Македонија и пошироко во Европа, како и градењето на претставата за творечките достигнувања во минатото.

Содржина на предметот

  • Културното наследство како културна меморија и културна традиција;
  • Културна историја – традиција или современост;
  • Културното наследство во неолитот и епохата на метали, Културното наследство од антиката и македонскиот културноисториски идентитет;
  • Културното наследство во римскиот период на тлото на Македонија, Христијанската цивилизација и византиската уметност на теренот на Македонија;
  • Охридската архиепископија и нејзините форми на материјална и духовна култура;
  • Писмените споменици како културно наследство;
  • Облици и форми на културно наследство во средновековниот период; Архитектура; Фрескосликарство; Иконопиство; Копаничарство; Ракописно книжевно наследство;
  • Фолклорот како културно наследство;
  • Археолошките локалитети и културното наследство;
  • Превенција и заштита на културното наследство;
  • Актуелни форми на отуѓување на културното наследство.

Основна литература

Група автори: Македонија. Културно наследство, Скопје, 1995

Археолошка карта на Република Македонија, том 1 МАНУ, Скопје, 1994

Ѓорги Поп-Атанасов, Илија Велев и Маја Јакимовска-Тошиќ: Скрипторски центри во средновековна Македонија, Скопје 1997

Дополнителна литература

Петар Хр.Илиевски: Појава и развој на писмото, Скопје 2001

Илија Велев: „Развојот на писменоста во Македонија“ – В: Македонскиот јазик во глобалниот свет, Скопје 2008

Илија Велев, Лилјана Макаријоска и Емилија Црвенковска: Македонски споменици со глаголско и со кирилско писмо, Скопје, 2008

 

Цветан Грозданов: Портрети на светителите од Македонија од IX до XVIII век, Скопје 1983

Просветителството и културата
Просветителството и културата

Предметен професор: д-р Валентина Миронска-Христовска

Цели на предметот

Запознавање со културните и општественополитичките текови во 19 век во Македонија; Проследување на културните придобивки од почетокот на 19 век кои произлегле од просветителската идеологија, согледување на континуитетот во македонскиот културен развој. Компаративни согледби за различните и идентичните културни обележја и политички стремежи кај балканските и европските народи.

Содржина на предметот

  • Просветителството како општо културно-политичко движење;
  • Појава и носители на просветителските тенденции во Македонија (еснафите, граѓанско-трговскиот слој, црковно-училишните општини);
  • Борбата за самостојна македонска црква;
  • Дамаскинарската традиција во македонскиот културен развој;
  • Борбата за самостоен литературен јазик;
  • Првите македонски учебникари;
  • Претставници на македонската просветителска литература; Народното творештво – белег на националното богатство; Отворање печатници, читалишта, библиотеки; Театарската уметност во Македонија во 19 век; Црковните мајстори, носители на просветителската уметност; Музичката култура во просветителскиот период во Македонија.

Основна литература
Валентина Миронска-Христовска Просветителството во Македонија Институт за македонска литература, Скопје, 2004
Pejović, Danilo Francuska prosvetiteljska filozofija Nakladni zavod Matice Hrvatske, Zagreb, 1982
Мишел Вовел Човек доба просвећености Београд, CLIO, 2006

Дополнителна литература
Валентина Миронска-Христовска Македонската преродба ИМЛ, Скопје, 2013
Šarl Senjobos Uporedna istorija evropskih naroda Beograd, Dereta, 2013
Мајкл Паларет Балканските економии (1800-1914) Скопје, Арс Студио, 2015.

Културата и глобализацијата
Културата и глобализацијата

Предметни професори: д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева и доц. д-р Ана Мартиноска

Цели на предметот

Да се усвојат основните поими и термини на процесот на глобализација, да се проследи развојот на овој универзален феномен и начинот на кој тој се рефлектира врз современата култура и литература; Да се усвојат знаења со кои на културата, во глобалните процеси, ќе може да се смета како на ресурс за одржлив културен развој.

Содржина на предметот:

  • Дефинирање на различните теории за поимот „глобализација“, доминантни теориски интерпретации;
  • Историски перспективи, економски, политички и социјални влијанија;
  • Глобализација и глобална култура– pro et contra;
  • Глобалната видливост на културата (преку интернет);
  • Глобализацијата како вид на нов империјализам;
  • Книжевни икони на глобализацијата;
  • Културна блискост (колективни културни идентитети) и различност;

§  Интеркултурни релации (од конфликт до дијалог).

Основна литература

Manfred B. Stager: Globalizacija, Sarajevo, 2005

Vuletić Vladimir: Globalizacija – Aktuelne debate, Zrenjanin, 2006

Benjamin R. Barber Jihad Vs. McWorld The Atlantic monthly, March 1992

Дополнителна литература

Branko Milanovic: Dva lica globalizacije, Beograd, 2007

Frank Lechner and John Boli (Eds) The Globalization Reader, Oxford, UK 2000

 

Holger Briel Glocalisation – electronic media in South Eastern Europe, Blesok, Skopje, 2009

Интеркултурна комуникација
Интеркултурна комуникација

Предметeн професор: д-р Гоце Смилевски

Цели на предметот

Стекнување на знаења за различни видови на допирни феномени меѓу културите одредени како засебни ентитети, за критичкиот пристап на традиционалните разбирања на мултикултурните и интеркултурните поими, како и знаења кои овозможуваат увид во естетските и етичките аспекти на културолошката интеракција.

Содржина на предметот

  • Теориски дел: вовед во поимот на комуникацијата во културата, преку теориите на Умберто Еко и Јуриј Лотман.
  • Сфаќањата на Едвард Саид за егзилот.
  • Анализа на теоријата на културната глобализација и „модерноста во прав” според поставките на Арџун Ападураи.
  • Толкување на поставките за мултикултурализмот и транскултуралноста.
  • Примена на теоретските сознанија врз конкретни литературни дела во кои како мотив се јавува егзилот. 
  • Анализирани бинарните опозиции и интеркултурната комуникација во „Неподносливата леснотија на постоењето“ од Милан Кундера, јазикот и идентитетот во „Хотел Европа“ од Горан Стефановски и поврзаноста на музејот, фотографијата и меморијата во „Музеј на безусловното предавање“ од Дубравка Угрешиќ.

Основна литература

Њиши, Армандо, прир. (2006) Компаративна книжевност, ДККМ-Магор

Appadurai, Arjun (1996) Modernity at Large: Cultural Dimensions of Globalization University of Minnesota Press 

Кристева, Јулија (2005) Токати и фуги за другоста, Темплум

Дополнителна литература

Браидоти, Рози (2003) Номадски субјекти, Македонска книга

Њиши, Армандо (2004) Мала пролегомена на интеркултурната херменевтика, Спектар

Said, Edward (2002) Reflections on Exile, Harvard University Press

Магичен реализам
Магичен реализам

Предметен професор: д-р Јасмина Мојсиева-Гушева

Цели на предметот

Усвојување на знаења за концептот на магичниот реализам кој означува една посебна уметничка постапка (во сликарството и литературата, театарската уметност), посебен став кон стварноста, посебна перцепција на авторот. Усвојување на знаења за препознавање на уметничките дела во кои е примената постапката на магичниот реализам.

Содржина на предметот

  • Дефиниции, именување време и локација на појавување;
  • Концепт на магичниот реализам;
  • Определбите на Франц Рох за магичниот реализам како пост експресионизам во сликарството;
  • Теориска формулација на магискиот реализам;
  • Тезите на Карпантјер за два типа магичен реализам;
  • Варијации на магичниот реализам: психолошки, митски, фолклорен, гротесктен;
  • Тезите за магичниот реализам како постколонијален дискурс;
  • Ставовите на Фарис за концептуалната рамка на магично-реалистичната фикција како интернационално движење;
  • Централно место на магичниот реализам во  постмодернизмот;

Практична апликација изведена врз делата на Ж. Чинго, Џ. Фаулс, Г.Г.Маркез.

Основна литература

Група автори: Magical Realism, Duke University Press, Duhram and London 1995, 70 стр.

Јасмина Мојсиева-Гушева: Варијации на магичниот реализам, Културен живот, Скопје, бр. 2, 2001, стр. 78-84.

Јасмина Мојсиева-Гушева: Феноменологија на магичниот реализам: дефиниција, локација, именување, во Чинговата апартна поетика, Институт за македонска литература, Скопје 2001, стр.28-49

Дополнителна литература

Weisgerber, Jean: La locution et concept, Le Realisme Magique, Centre d’Etude des Avant-Gardes litteraires de ’Universite de Bruhelles 1990

Ines Luisa Mena: Ka teorijskoj formulacii magiskog realizma, Delo. Beograd 1989, кн.24, бр.8-9, стр. 61-72

Ivanovic Radomir: Roman kao verbalna kreacija Reci, Niksic br.2, 2009, str.145-167

Патопис
Патопис

Предметен професор: д-р Соња Стојменска-Елзесер

Цели на предметот

Познавање на основен репрезентативен квантум книжевни, етнографски, телевизиски, репортажни и друг вид патописи. Разбирање на врската помеѓу патувањето и уметничката креација. Толкување на патописот од постколонијална и имаголошка перспектива. Разбирање на културолошките аспекти на туризмот. Способност за креативна примена на усвоените знаења за сопствено патописно творештво, за успешна критичка рецепција на различните варијации на патописност и за културолошка согледба на патописноста како еклатантен пример на средбата со другоста. Способност за диференцијација на уметничките, идеолошките, меркантилните и други димензии на патописот. Способност за интермедијални толкувања на патописот. Развивање и јакнење на респект кон културниот диверзитет. Развивање на духот на континуиран отворен дијалог, како во суштинските обележја на самиот патопис, така и во целиот процес на усвојување на знаења.

Содржина на предметот

Предавањата опфаќаат неколку пристапи и етапи на разработка на посочената проблематика:

  • Теоретско промислување на феноменот патописност од аспект на класичната компаратистика, номадизмот и одепоричноста;
  • Интердисциплинарно толкување и анализирање на патописноста;
  • Жанрот патопис во книжевноста (карактеристики, класификација: патописи-репортажи со популарно-информативен и едукативен карактер, книжевно-уметнички патописи од авантуристички тип, мемоарско-биографски и психолошки патописи, епистоларни патописи, патописи-есеи, патописи-романи и др., наратолошки и стилски одлики итн.);
  • Обработка на корпус задолжителна репрезентативна литература од светската и особено од македонската литература;
  • Имаголошки аспекти;
  • Патувањата меѓу реалноста и имагинацијата;
  • Книжевно-историско и културолошко проследување на патописноста.

Предметот корелира со сите уметности во кои патописноста како феномен изградува своја специфична поетика, а исто така се допира и до општествено-социјалните, антрополошките, идеолошко-политичките сфери.

Основна литература

PRATT, Mary Louise: Imperial Eyes: Travel Writing and Transculturation, London and New York: Routledge 1992

TODOROV, Tzvetan: The Conquest of America: The Question of the Other, Harper and Row 1984

KAPLAN C.: Questions on Travel. Postmodern Discourses of Displacement, Durham-London: Duke University Press 1996

Дополнителна литература

Пековиќ, С.: Путопис – условљеност жанра. Књига о путопису. Београд, ИКУ 1099

Нучера, Доминико: Патувањата и книжевноста, Компаративна книжевност, Магор и ДККМ, Скопје 2006 

Ѓузел, Богомил: Куќа цел свет, Скопје 1974

Културна траума, комуникации и медиуми
Културна траума, комуникации и медиуми

Предметни професори: проф. д-р Мишел Павловски, доц. д-р Биљана Рајчинова-Николова

Цели на предметот

Цел на курсот е студентите да се запознаат со различните начини на влијанието и меѓусебните врски на културната траума, медиумите и комуникацијата и влијанието на културната траума врз (формирањето на) индивидуалниот и колективниот идентитет.

Содржина на предметот

  1. Поим за културна траума
    – Разлика помеѓу траума и културна траума;
    – Што е културна траума?;
    – Колективот и културната траума;
    – Наративот во културната траума
  2. Културна траума и медиуми: релации-влијанија-ефекти
    – Интелектуалец – дефиниција;
    – Поимот интелектуалец и културната траума;
    – Улогата на интелектуалецот во културната траума;
    – Моќта на интелектуалецот во медиумите

Основна литература

Alexander, J.C (Ed.). 2004. Cultural trauma and collective identity University of California Press, Berkeley, Calif.; London.
Caruth, C. (Ed.) 1995. Trauma: explorations in memory Johns Hopkins University Press, Baltimore
Eyerman, R., Alexander, J.C., Breese, E.B. (Eds.). 2016 Narrating trauma: On the impact of collective suffering Yale cultural sociology series Routledge, London.

Дополнителна литература

Alexander, J.C. 2012. Trauma: A social theory, Polity, Cambridge.
Caruth, C. Unclaimed Experience: Trauma and the Possibility of History Yale French Studies 181–192. https://doi.org/10.2307/2930251 1991
Eyerman, R. Cultural Trauma: Emotion and Narration. Oxford University Press. https://doi.org/10.1093/oxfordhb/9780195377767.013.21 2017

Културниот тренд и литературата
Културниот тренд и литературата

Предметен професор: проф. д-р Наташа Аврамовска

Соработник: м-р Ема Лакинска

Цели на предметот

  • увид и осознавање на културните претпоставки на литературната комуникација.
  • согледување на појавата на нови книжевни жанри и напуштањето на старите.
  • посочување на заемната поставеност на авторот и читателот со што се дијагностицира и актуелниот „миг“ на културата сфатен како одреден миг на комуникација во културата.
  • обучување за самостојно истражување на културните трендови односно на културните претпоставки на литературното дело и за проникнување во новото културно значење што со нив се воспоставува.

Содржина на предметот

  • Дефинирање на поимот културен тренд (обрасци на комуникацијата во културата, мода, прагматика на ситуацијата) во литературата низ визурата на поимот жанр и неговите трансформации.
  • Увид во значајни промени на културните парадигми во историјата на литературата,
  • Проблемско проследување на овие промени врз конкретни книжевни примери
  • Проблемско проследување на актуелните трендови во европската, светската и македонската литература
  • Проблемско проследување на актуелните книжевни трендови (теми, ликови, раскажувачки структури) во врска со: глобализацијата, мас-медиумската култура, визуелната култура на денешницата, новата динамика на социјалното и глобално инсталираното време.
  • Предвидени содржини: 1.) „Едноминутни новели“ Иштван Еркењ и куси жанри (во литературата и филмот), 2.) автобиографија ( низ визурата на појавата на индивидуата во 19 век и нејзината трансформација до денес: актуелни трендови во денешниот автобиографски односно псевдоавтобиографски испис), 3) литературата и стрипот (на пример: „Патенталија и Тантелина“ – низ визурата на трансформацијата на облиците во приказните на Цепенков, истоимената драма на Русомир Богдановски и стрипот на Матеј Богдановски, а во контекст на трендот на визуелно транспонирање на книжевните наративи во стрипот, во светската и македонската литература.

Основна литература

Tonny Bennet. 2008. Critical Trajectories. Culture, Society, Intelectuals Blackwell Publishing
Maria DiBattista and Emily O. Wittman (Ed.). 2014. The Cambridge Companion to Autobiography, Cambridge University Press, New York
Наташа Аврамовска. 2004. „Односот драма-фолклор во македонистиката (Г. Стефановски, Р. Богдановски)“ во: Во вителот на дереализацијата (дуплото дно на македонската драма) Скопје: Култура, стр. 236-351

Дополнителна литература

Томислав Османли. 2021. Стрип – деветтата уметност Скопје: Бегемот
Ларс Свендсен. 2008. Филозофија на модата Матица Македонска
Наташа Аврамовска. 2004. Автобиографијата во македонскиот литературен 19 век, Скопје: ИМЛ

Културна географија
Културна географија

Предметен професор: д-р Соња Стојменска-Елзесер

Цели на предметот

Оспособување на студентот теоретски да ја интерпретира релацијата простор-човек/општество-простор.

Содржина на предметот

Интерпретативни пристапи во однос на трансформацијата на природниот пејсаж во културен пејсаж и неговата репрезентација во различните сфери на културата, како што се уметностите, рекламата, туризмот.
Анализа на варијациите на културата во зависност од локацијата и објаснување на реакциите на луѓето во однос на географскиот простор.

Основна литература:

Šakaja, L.: „Kultura kao objekt geografskog izučavanja“Društvena istraživanja, 7, 3(35) str. 461-484., 1998

David Atkinson, Peter Jackson, David Sibley i Neil Washbourne, ur.: Kulturna geografija. Kritički rječnik ključnih pojmova, Zagreb: Disput, 2008

William NORTON: Cultural Geography: Environments, Landscapes, Identities, Inequalities, Oxford University Press, Canada, 2006

Дополнителна литература

Soja, E. W. Post-modern Geographies. The Reassertion of Space in Critical Social Theory, London, New-York, Verso 1989

приредувач  Иван Џепароски, Аспекти на другоста: хрестоматија, Скопје: Евро-Балкан Пресс: Менора, 2007 

Kay Anderson, Mona Domosh, Steve Pile and Nigel Thrift, ed.: Handbook of Cultural Geography, SAGE Publications, London: Thousand Oaks, New Delhi, 2003