КНИЖЕВНОСТА НИЗ КРИТИЧКА ВИЗУРА од Ана Мартиноска

Институт за македонска литература, Скопје, 2021
Димензии 21 см
Број на страници 282
ISBN 978-608-4744-28-3
Цена 300,00 ден.

Книгата Книжевноста низ критичка визура од Ана Мартиноска содржи 30-тина критички текстови посветени на исто толку импресивни авторски опуси и дела, низ кои се провејуваат научно-критичките опсервации на авторката, директно врзани со нејзината склоност кон книжевните, културолошките и родови студии. Се промовираат бројни значајни литерарни дела од македонски писатели во широк распон (од Александар Прокопиев, Игор Исаковски и Елизабета Баковска па се до Румена Бужаровска и Игор Анѓелков), вклучувајќи и повеќемина кои припаѓаат на помладата писателска генерација (Петар Андоновски, Фросина Пармаковска, Ана Јовковска, Дејан Крстевски). Покрај нив, се проследуваат и трудовите посветени на некои автори од светската книжевна сцена кои во последните години биле преведени и објавени на македонски јазик, како Славенка Дракулиќ, Халдора Тородсен, Оршоја Карафиат, Јана Бењова и др., а третата група на трудови е посветена на некои македонски книжевни теоретичари и критичари.