Конференција Урбаниот профил на Скопје во современата проза

Конференцијата Урбаниот профил на Скопје во современата проза во организација на Институтот за македонска литература ќе се одржи во четврток27 октомври 2022 година со почеток во 10.00 часот.
Местото на одржување е амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, I кат.

На отворањето на Конференцијата свои обраќања ќе имаат директорката на Институтот за македонска литература проф. д-р Наташа Аврамовска и претседателката на Одборот проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер. Ќе се промовира зборникот на трудови  Писменото и книжевното културно наследство во Скопје и Скопско, чиј промотор е проф. д-р Маја Ангеловска-Панова

Видео-пораки во кои автопоетички се осврнуваат на значењето на градот Скопје во нивното творештво ќе имаат писателите Влада Урошевиќ, Александар Прокопиев, Оливера Ќорвезироска, Игор Анѓелков, Саша Станишиќ.

На конференцијата учествуваат 14 учесници, истражувачи и соработници од Институтот за македонска литература.

Организационен одбор на Конференцијата: д-р Соња Стојменска-Елзесер (претседател), д-р Наташа Аврамовска, директор на ИМЛ (член) и д-р Сарита Трајанова (секретар)
Конференцијата како проект од областа на културата за 2022 година е со поддршка на Град Скопје.

Покана

Програма

Апстракти

Постер