КУЛТУРНИТЕ ИКОНИ И МАКЕДОНСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО од Валентина Миронска-Христовска

Институт за македонска литература, Скопје, 2020
Димензии 21 см
Број на страници 287
ISBN 978-608-4744-26-9
Цена 300,00 ден.

Монографијата Културните икони и македонското културно наследство од Валентина Миронска-Христовска вклучува петнаесет студии во кои од културолошки аспект се проследуваат културните икони кои претставуват стожер на македонското културно наследство. Авторката тргнува од поставката дека во денешно време сè повеќе се обрнува внимание на културниот туризам, на потребата за заштита на културното наследство, на нематеријалното и на материјалното културно наследство кое дава можност да се запознае светот со местата, уметничките вредности, обичаите, верувањата, фолклорот, јазикот, со историјата и културата на еден народ. Во приложените студии, таа се осврнува на македонското културно наследство преку проследување на богата ризница од низа објекти, книги, личности, кои се стожери на македонското културното наследство, кои се нашите културни икони како Блаже Конески, Дичо Зограф, Св. „Јован Бигорски“, Ј. Х. К. Џинот, Гане Тодоровски и ред други имиња кои имаат непроценливо значење за културниот развој во минатото, а кои ја претставуваат базата на денешната култура.