КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО И ВРЕДНОСНИТЕ КАНОНИ/ CULTURAL HERITAGE АND VALUE CANONS од Маја Јакимовска-Тошиќ

Институт за македонска литература, Скопје, 2021
Димензии 21 см
Број на страници 282
ISBN 978-608-4744-30-6
Цена 300,00 ден.

Книгата Културното наследство и вредносните канони/ Cultural Heritage аnd Value Canons од Маја Јакимовска-Тошиќ вклучува 10-тина културолошки студии паралелно на македонски и на англиски јазик, во кои се третираат прашања од областа на културното наследство,  од аспект на современиот теориски пристап во неговиот третман, кој во голема мера вклучува и подразбира хибриден феномен со преплетување на повеќе елементи: културни, економски, политички, научни, но и популарни и масовни. Студиите се поделени во три тематски блока: 1. Современ теориски пристап во третманот на културното наследство 2. Културна промоција на Градот Скопје и 3. Културни рути,  во кои се разработуваат теми од доменот на третманот на наследството, вредносните канони, супкултурата во културното наследство, сакралните споменици и отоманското културно наследство на Градот Скопје, културното наследство во афирмација на културниот туризам, културната рута на светите Кирил и Методиј на теренот на Македонија и сл.