МАКЕДОНСКА КНИЖЕВНА АРХИВА: ОД РАКОПИС ДО ДИГИТАЛНА КУЛТУРА
Институт за македонска литература, Скопје, 2022
Димензии 24см
Број на страници 397
ISBN 978-608-4744-32-0
Цена 300,00 ден.
Зборникот на трудови Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура е резултат на конференцијата одржана во Скопје на 29 и 30 јуни 2021 година, во чест на двата јубилеи – 40 години од основањето на ИМЛ и 100 години од раѓањето на Блаже Конески.
Уредник: Маја Јакимовска-Тошиќ
Технички уредник: Билјана Јоновска-Стефковска
Зборникот содржи Предговор подготвен од главната уредничка проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и поздравни обраќања на г. Стево Пендаровски, претседател на РС Македонија, г. Арафат Шабани, заменик министер за образование и наука на РС Македонија, проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ, проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, директор на ИМЛ и Н.Е. Хенрик Маркуш, амбасадор на Р Словачка. Трудовите (27) на авторите (30) во Зборникот се распоредени во четири тематски подрачја од областа на литературата и културата: книжевната архива на Блаже Конески, ракописна и книжевно-историска архива/фолклорна архива, современа книжевна архива и дигитална архива.