Носители: Филолошки факултет „Блаже Конески“, Институт за македонска литература, и Факултет за драмски уметности.
Ко-координатори: Дарин Ангеловски (ИМЛ), Кристина Николовска (ФлФ), Деспина Ангеловска (ФДУ)
Целта на оваа интердисциплинарна конференција е историски и дијахрониски да ги разгледа и да ги осмислува релациите меѓу концептите на митското мислење и драмското/театарското творештво според критичкиот арсенал на книжевно-компартивистичкиот пристап и критичкиот интерес на театрологијата за естетиката, семиотиката и драматургијата на старите и нови (при)кажувања во драмата/театарот.
Предлози за теми:
– Митот и драмата/театарот низ историјата
– Античките митови во современата драма/театар
– Современи критички читања на традиционалните драми и митови
– Реинтерпретации/репрезентации на митот во современата драма и театар
– Митот како драма/драмата како мит
– Деми(с)тификации на митот и драмата
– Интердисциплинарни толкувања на митот и драмата: родова теорија, постколонијална теорија, психоаналитичка теорија…
– Мит, драма/театар и идентитет
– Мит и ритуален театар
– Мит и постдрамски театар
– Митот драмата/театарот во добата на дигиталните технологии и вештачката интелигенција
– Митот и драмата/театарот во ерата на постхуманизмот
– Нови митови