Научен собир за Пенушлиски и Цепенков

Институтот за македонска литература со научен собир ќе одбележи 110 години од раѓањето на македонскиот фолклорист Кирил Пенушлиски и 50 години од објавувањето на целокупниот опус на Марко Цепенков во 10 тома.

Собирот ќе се одржи во понеделник, 28 ноември 2022 година со почеток во 12.00 часот во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, I кат.

На отворањето на собирот свои обраќања ќе имаат директорката на Институтот за македонска литература проф. д-р Наташа Аврамовска и претседателката на Одборот проф. д-р Ана Мартиноска и ќе се презентираат снимки од дигитализираната колекција на фолклорни умотворби на Кирил Пенушлиски (архив БузАр).

Се очекува присуство на г. Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија.

 

Излагања:

д-р Ана Мартиноска: Аманет од работната соба на Пенушлиски
д-р Марко Китевски: Делото на Кирил Пенушлиски во одбрана на македонскиот национален идентитет
д-р Ермис Лафазановски: 50 години од  објавувањето на десеттомното издание:„Македонски народни умотворби“ на Марко К. Цепенков во редакција на Кирил Пенушлиски
д-р Валентина Миронска-Христовска: Универзалното, колективното и личното во Цепенковите записи

Модератор: м-р Ана Јовковска

Oрганизационен одбор: д-р Ана Мартиноска, претседателка, д-р Наташа Аврамовска (директорка на ИМЛ), членка, м-р Ана Јовковска, членка и м-р Жарко Иванов, секретар

Покана