Институтот за македонска литература со научен собир ќе одбележи 60 години од смртта на Ѓорѓи Абаџиев.
Собирот ќе се одржи на 6 октомври 2023 година (петок), со почеток во 11.00 часот во амфитеатарот на ИМЈ „Крсте Мисирков” – Скопје.
На отворањето на собирот ќе се обрати директорката на Институтот за македонска литература проф. д-р Наташа Аврамовска.
Излагања:
проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева: Културната меморија во книжевниот опус на Ѓорѓи Абаџиев
проф. д-р Валентина Миронска-Христовска: Ѓорѓи Абаџиев и Македонскиот литературен кружок
проф. д-р Гоце Смилевски: Индивидуалното и историското во романот „Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев
Oрганизационен одбор: д-р Лорета Георгиевска Јаковлева, претседател, д-р Наташа Аврамовска (директор), член и м-р Билјана Јоновска-Стефковска, секретар