Skip to content

ПИСМЕНОТО И КНИЖЕВНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ВО СКОПЈЕ И СКОПСКО

Институт за македонска литература, Скопје, 2022
Димензии 24см
Број на страници 194
ISBN 978-608-4744-33-7
Цена 300,00 ден.

Зборник на трудови Писменото и книжевното културно наследство во Скопје и Скопско од одржаната конференција во Скопје (амфитеатар на ИМЈ „Крсте Мисирков“, 29 октомври 2021).  
Уредници: Илија Велев, Маја Јакимовска-Тошиќ

Со Зборникот е опфатен богатиот фонд од сочувани стари писмени и книжевни споменици во Градот Скопје и Скопско, кои се во форма на ракописни и старопечатени книги од X до XIX век и го одразуваат континуитетот на посебниот македонски јазичен и книжевноисториски развој во однос на другите јужнословенски писмени и книжевни традиции. Постои импозантен број на сочувани старословенски писмени и книжевни споменици кои се чуваат во македонските културни или црковни трезори како и во други земји од странство, а коишто се пишувани или имаат провениенција од скопските книжевни и скрипторски центри. 

Изданието содржи предговор и поздравно обраќање на претседателот на Одборот проф. д-р Илија Велев и поздравно обраќање на директорката на Институтот за македонска литература проф. д-р Наташа Аврамовска. Во две тематски целини се објавени девет (9) научни трудови, најголемиот дел автори од ИМЛ и два труда од специјалисти за оваа проблематика од Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Преземи Зборник

Содржина
Културолошки практики на мобилност                                                                                                                                                         Валентина Миронска-Христовска: Значењето на печатената книга за македонското културно наследство од XIX век, стр. 19-33
Славчо Ковилоски: Јордан Хаџи Константинов Џинот и писменото и книжевното наследство од Скопје и Скопско, стр. 57-66
Ана Мартиноска, Жарко Иванов: Предизвици при дигитализација на нематеријално културно наследство (врз примерот на тажачките песни снимени од Васил Хаџиманов по скопскиот земјотрес во 1963 г.) , стр. 67-77
Славица Петровска-Ѓорѓевска: Орнаментиката во Скопскиот празничен минеј од XIII век, стр.79-93
Сарита Трајанова: Писменото и книжевното културно наследство во трезорите на институциите во Скопје, стр.95-118                                                                                                                                                                                                                              Проектна интеракција
Маја Јакимовска-Тошиќ: Средновековните книжевници од Скопје и Скопско, стр. 121-141
Илија Велев: Македонските ракописни писмени и книжевни споменици со потекло од Скопје и Скопско, стр.143-194