Посета на Институтот за македонска литература од студенти на Филолошкиот факултет при УКИМ

Студенти од Катедрата за преведување и толкување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го посетија Институтот за македонска литература на 8 март 2023 година.
Во знак на меѓуинституционалната соработка, која е драгоцена за постигнување квалитетно образование, проф. Лорета Георгиевска-Јаковлева ги запозна струдентите со научноистражувачката, издавачката и високообразовната дејност на Институтот и со студиските програми на вториот и третиот циклус. Со оглед на тоа што посетата беше во рамките на предметот кој го слушаат на ПИТ – Културолошки проучувања, акцентот беше ставен на Културолошките студии (во книжевноста) – втор циклус и Културолошки студии – трет циклус на ИМЛ. Д-р Сарита Трајанова им ги претстави веб-страниците и дигиталните проекти на Институтот со поттик за заедничко развивање на општеството на знаење.