На Институтот за македонска литература, на 16 октомври 2023 година, се одржа предавање на проф. д-р Иштван Лукач од Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта, Унгарија.
Предавањето беше на тема:
Нови алтернативи во решавањето на старите книжевнонаучни проблеми – теорија на мрежата (Н. Зрински и П. Зрински – М. Крлежа и Е. Ади) / Nove alternative u rješavanju starih književnoznanstvenih problema – teorija mreže (N. Zrinski i P. Zrinski – M. Krleža i E. Ady)
Ова гостување на проф. Лукач произлезе од соработката помеѓу Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Северна Македонија и Институтот за славистика и балтичка филологија и Докторската школа за литература – програма за словенски литератури на Факултетот за хуманистички науки при Универзитетот „Етвеш Лоранд“ во Будимпешта, Унгарија. Предавањето се оствари во рамките на Еразмус+ програмата за мобилност на наставен кадар и билатералниот договор помеѓу двата универзитети.