Промоција на „Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“

Промоцијата на Зборникот на научни трудови од меѓународната научна конференција Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура ќе се одржи на 22 декември 2022 (четврток) во 11:00 часот во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, I кат.

Зборникот произлегува од меѓународната научна конференција која се одржа во чест на 40-годишниот јубилеј на
Институтот за македонска литература
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (29 – 30 јуни 2021).

Промотори на Зборникот се акад. Марјан Марковиќ и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.