Skip to content

Филолошки студии

ФИЛОЛОШКИ СТУДИИ / PHILOLOGICAL STUDIES
ISSN: 1857-6060
DOI: 10.17072 / 1817-6060
„Филолошки студии / Philological studies“ е славистичко списание од областа на хуманистичките науки со широк опсег на научни истражувања од областите на: теоријата на литературата, лингвистиката, фолклористиката, философијата, културологијата и историјата. Секој број на списанието ги содржи следниве рубрики:

  • Философско-културолошки проблеми;
  • Историја и филологија;
  • „Зборот“ во историско-културолошки контекст (споредбен аспект);
  • Литературата во интеркултурен контекст;
  • Современото општество во културата, во јазикот и во литературата;
  • Проучување на говорот и лингводидактика;
  • Рецензии и информации.

Списанието „Филолошки студии“ се објавува од 2002 година. Електронската верзија на списанието е регистрирана во 2005 година со седиште во Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Македонија).  Списанието е со отворен пристап до секоја објавена статија. Излегува два пати годишно. Во него се објавуваат научни трудови на: македонски, српски, руски, словенечки, хрватски и англиски јазик.

Списанието претставува резултат на заедничката работа на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Македонија), Филолошкиот факултет при Универзитетот во Перм (Русија), Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана (Словенија), Филозофскиот факултет при Универзитетот во Загреб (Хрватска) и Институтот за книжевност и уметност во Белград (Србија).

Списанието „Филолошки студии“ е вклучено во следните бази на податоци: Централната и Источноевропската онлајн библиотека (CEEOL), Рускиот индекс на научно цитирање (РИНЦ), Хрватскиот портал на научни списанија (Hrčak), Aмериканската асоцијација за современ јазик (MLA), базата на EBSCO, на PROQUEST и на GALE.

Меѓународен уредувачки одбор
Главен уредник

проф. д-р Јасмина Мојсиева-Гушева – Институт за македонска литература, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија, jasminamg@gmail.com
Уредници
проф. д-р Тамара И. Ерофеева – Филолошки факултет, Пермски државен универзитет, Руска федерација, erofkaf@rambler.ru
проф. д-р Звонко Ковач – Факултет за хуманистички и општествени науки, Универзитет во Загреб, Хрватска, zkovac@ffzg.hr
доц. д-р Младен Ухлик – Факултет за уметност, Универзитет во Љубљана, Словенија, mladen.uhlik@gmail.com
д-р Марија Шаровиќ, научен соработник – Институт за книжевност и уметност, Белград, Србија, msharovic@yahoo.co.uk