ХУМАНОЛОГИЈА од Африм А. Реџепи

Институт за македонска литература, Скопје, 2021
Димензии 21 см
Број на страници 180
ISBN 978-608-4744-27-6
Цена 300,00 ден.

Книгата Хуманологија од Африм А. Реџепи е посветена на новата „дисциплина“ хуманологија и на тезата дека постојат универзални вредности на и за човекот. Во текстот „Еволутивната естетика како суплемент“, д-р Реџепи ја дообјаснува теоријата на Датон, која објаснува како уметноста се создава од биолошкиот импулс, кој во основа е универзален. Д-р Реџепи со право преку  текстот „Невроестетиката“, дообјаснува дека ниту идејата на уметноста како инстинкт, ниту идејата на уметноста како еволутивен нуспродукт, не е толку задоволувачка. Ни треба трет начин да размислиме за уметноста, со цел да ја разбереме и нејзината универзалност и нејзината разновидност. Во монографската студија се инкорпорирани и други значајни текстови кои преку новите интерпретативни техники и стратегии, ги истражуваат толку потребните студии од областа на балканологијата со посебен осврт на македонско-албанските книжевни и културни врски.