(мултимедијален ЦД ром)

Илија Велев

Институт за македонска литература, Скопје 2012

ISBN 978-9989-886-94-2

Цена 250,00 ден.

 

Ова електронско издание го претставува оригиналниот ракопис, пишуван од познатиот македонски книжевник протопоп Јоан Кратовски во 1563 година, што целосно е сочуван на 336 хартиени листови и со позлатен сребрен повез на кориците (се чува во Софија, ЦИАИ бр.34). Ракописот тежи 14 кг. Станува збор за исклучително важен книжевен и писмен споменик од XVI век од Кратовскиот книжевен центар, кој е украсен со извонредно нацртани минијатури во боја и е пишуван со убаво калиграфско ракописно писмо. Изданието ги претставува писмените, јазичните, духовните и уметничките достигнувања што се презентирани во овој мошне убаво сочуван евангелски текст од 16 век со македонска провениенција. Истото е проследено со поголема студија од околу 50-тина страници за книжевното дело на овој книжевник, за повеќето негови ракописни четвороевангелија, како и за деталната анализа на самиот ракопис во којшто има и бројни записи. Со објавувањето на овој ракопис ќе се придонесе за трајната заштита на дел од ракописното книжевно наследство од Македонија.