Предметни професори: д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева и д-р Ана Мартиноска

Цели на предметот

Да се стекнат знаења од повеќе хуманистички и општествени дисциплини од аспект на културата, како и знаења и разбирање на современите теории од областа на културолошките студии.

Содржина на предметот

  • Преод од модерна во постмодерна ера. Критика на просветителството. Замена на терминот постмодерна со глобализација. Критика на масовната култура: десна и лева критика. Центарот за културолошки студии во Бирмингем. Рејмонд Влијамс, Ричард Хогарт и Едвард П. Томсон.
  • Културолошките студии како академска дисциплина. Дефинирање на културата. Политичкото во културолошките студии. Кружниот тек на културата: Џонсовиот модел. Стјуард Хол и кодирањето и декодирањето.
  • Од историјата на културолошките студии: Културализам (културологија). Марксизам. Постмарксизам: артикулација и Луис Алтисер, хегемонија и Антонио Грамши. Јазички пресврт: условеноста на значењето од јазикот, јазикот како пресуден фактор за производство на вредности, значења и знаења. Роланд Барт.
  • Отпор низ теорија: класниот, половиот и расниот идентитет на културата.
  • Поструктурализам глобализацископостесенцијалистичка фаза на културолошките студии. Деконструкција и Жак Дерида, Мишел Фуко: моќ/знаење, производство на знаење, тело, Жан Бодријар: хиперреалност и симулација,
  • Одлики на теоретскиот обрт кон популарното. Популарна култура. Критика на канонот. Вилијамс и дефинирање на одликите на популарното; Стратегии на отпорот и поимите елитна, популарна, народна, масовна и медиумска култура. Поткултури: Дик Хебдич. Славенички модел: Стратегии и тактики на секојдневниот живот: Мишел де Сарто и Пронаоѓање на секојдневното, Џон Фиск и семиотичкиот отпор, Пол Вилис и приземната естетика. Проблемите на вреднувањето.
  • Проширување на интересите на културолошките студии: Култури во движење. Феминзам, постколонијална теорија, култура и нација, културна политика, превенција и презервација на културното наследство, културата како место (хибридност, миграција и дијаспора, гранични култури, патувачки култури), културата и идентитетот, културата и глобализацијата.

Основна литература

Duda, Dean (2002) Kulturalni studiji. Ishodišta i problemi, Zagreb: AGM 

During Simon, Ed. (1993) The Cultural Studies Reader, London, New York: Routledge Линк до изданието

Storey John, Ed. (2006) Cultural Theory and Popular Culture: A Reader, London: Prentice Hall

Дополнителна литература

Ðorđević Jelena (2008) Studije kulture, Beograd: Službeni glasnik, 2008

Ziauddin Sardar, Van Loon Boris (1999) Introducing Cultural Studies, Icon Books, UK, Totem Books, USA Линк до изданието

Hartley John (2003) A Short History of Cultural Studies, SAGE Publications, London, New Delhi