Предметен професор: д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева

Цели на предметот

Стекнување на знаење од повеќе области поврзани со прашањето на родот и родовите идентитети (социологија, културна антропологија, лингвистика, теорија на книжевноста); Разбирање за современите теории од областа на феминизмот, женските студии, машките студии, родовите студии и студиите за телото.

Содржина на предметот

Родот денес: Дали можеме да означиме  крај на феминизмот? Што е завршено, а што треба да се стори? Феминизмот како движење, како политика и како дискурс. (Феминизмот како дискурс е едно од најзначајните полиња за културолошките студии). Културолошките студии и родовите аспекти: проблемите на моќта и знаењето, проблемот на репрезентацијата и субјективноста, проблемот на идентитетот во современото, потрошувачко општество.

Од историјата на феминизмот: Прв бран феминистки.

Имагинирање на родот: поимот маскулинитет, митот за андрогиноста, хелинистичкиот мит за мажот како мит за победата, јудејскохристијанскиот мит за мажот. Современиот мит за мажот (Супермен и Џемс Бонд).

Жените и високиот модернизам: Врџинија Вулф, лево ориентираната феминистичка критика: Симон де Бувуар. 

Втор бран: Деконструкција на биолошкиот детерминизам: Кејт Милет, критика на патријархатот, Карол Петман, критика на претставувањето на жените.

Трет бран: постфеминизам. Критика на психоанализата на Фројд, Жак Лакан. Јулија Кристева, Елен Сикус, Лиси Иригере.

Родовите аспекти и театарот: Македонска крвава свадба на Чернодрински, диптихот Болен Дојчин и Ангелина на Георги Сталев, Балканот не е мртов на Дејан Дуковски.

Родовите претстави и македонскиот роман (врз примери од Ервехе на Луан Старова и Пиреј на Петре М. Андреевски, Папокот на светот од Венко Андоновски)

Родовите аспекти и филмот: Пред дождот и Прашина на М. Манчевски

Основна литература

Батлер, Џудит (2002) Проблеми со родот, Евро Балкан, Скопје 

Иригаре, Лис (2002) Спекулум на другата жена, Евро Балкан, Скопје

Oraić Tolić, Dubravka (2005) Muška moderna i ženska postmoderna: rođenje virtualne kulture, Zagreb: Ljevak

Дополнителна литература

Колозова, Катерина прир. (2000) Истражувања од областа на родовите студии, Евро Балкан, Скопје

Ахмед, Лејла (2004) Жената и родот во исламот, Слово, Скопје 

Браидоти, Роси (2002) Номадски субјект, Македонска книга, Скопје